
Младински активизам за позелени општини во Крива Паланка
Во текот на вчерашниот ден (9.11.2022) во Europe House Крива Паланка со Советот на Млади – Крива Паланка, општина Крива Паланка и Go Green – Биди Зелен разговаравме за важноста и влијанието на младите во процесите на креирање политики за заштита на животна средина на локално ниво, еко-проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, како и улогата на локалниот младински совет во овие процеси.
Во тек е подготовка на Програмата за работа на Советот на Млади за 2023 година и ги утврдивме модалитетите на заедничка соработка и придонес за зајакнување на капацитетите на Советот на млади од една страна, но и преземање на конкретни чекори за позелена општина од друга страна.
Прашањата за животна средина, младинското учество и креирање политики на локално ниво во оваа област се поставени на високо ниво при работата на општина Крива Паланка и локалниот младински совет и со заедничка соработка ќе придонесеме кон исполнување на поставените цели.
Благодарност до општина Крива Паланка за поддршката при спроведување на проектот “Младински активизам за позелени општини” кој е поддржан од Европска Унија.
#eu4yоu #ЕУзаТЕБЕ #EUGreenDeal #EuropeanYearOfYouth #EYY2022