Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
dhdh dhdhdh dhzdhdhdh dh 1

JАВЕН ПОВИК за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии за трето издание од списанието “Правен фокус”

dutch embassy 1MZMP logo en

Македонското здружение на млади правници – МЗМП во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“ , на ден 28.09.2022 објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии за трето издание од списанието Правен фокус

  1. Опис и цели на проектот

Проектот Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото е акција поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јули 2022 година до 31.12.2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници.

Основна цел на Проектот е да се зајакне улогата на студентите по право и младите правници во унапредување на заштитата на човековите права и промовирање на владеењето на правото. Специфичните цели на Проектот се: (1)  Усогласување на правната рамка со најдобрите ЕУ практики во поглед на правните студии и условите за влез во правните професиии, вклучувајќи ги и студиските програми на правните факултети; (2) Поддршка на професионалниот развој на студентите по право и  правници; и (3) Зголемување на учеството на младите правници во заштита на јавниот интерес во процесите на креирање политики на централно и локално ниво.

2. Опис и цел на стручното списание 

Целта на списанието е создавање професионален форум за објавување на стручни статии кој ќе послужи како медиум, каде правничкото мислење и визијата на младите правници во однос на клучни прашања поврзани со човековите права и владеење на правото, можат да бидат артикулирани на кохерентен и методичен начин. Списанието ќе промовира дебата за тековните процеси во областа на правото, а воедно ќе поттикне идеи за понатамошно подобрување на нашиот правен систем на таков начин каде што ќе се обезбедат и гарантираат човековите права и владеењето на правото.

Со цел да се обезбеди високо ниво на квалитет на статиите, тие ќе бидат уредувани и рецензирани од страна на Уредувачки одбор составен од 3 стручни лица. Истите ќе ги  разгледуваат статиите од аспект на методолошка конзистентност, академска прецизност и форматирање на текстот. Секоја правна статија ќе биде ограничена до 3.500 зборови.

3. Теми и области на пишување 

Третото издание од списанието “Правен Фокус“ ќе биде на теми поврзани со права на пациенти и/или пристап до здравствена заштита.

Апликантите треба да аплицираат со концепти со опис и идеја за статија на наведените теми. Концептите кои нема да да бидат во рамки на поставените теми, како и статиите кои нема да бидат изготвени согласно посочените инструкции за пишување на концептот во точка 4 нема да бидат селектирани.

  • Инструкции за пишување на концептот
  • Концептите треба да бидат напишани на македонски јазик;
  • Концептите треба да содржат до 400 зборови (не вклучувајќи ги фуснотите);
  • Концептите да бидат на теми поврзани со права на пациенти и пристап до здравствена заштита;
  • Концептите треба да дадат јасен и прецизен преглед на темата што е предмет на концептот;
  • Насловот да не содржи повеќе од 20 зборови да биде со големи букви и да не содржи кратенки;
  • Концептите треба да бидат изработени во компјутерска техника, со користење на фонт Times New Roman, со големина на букви 12 и проред 1.5 за основен  текст, со големина на букви 10 со проред 1 за текст во фусноти;
  • Концептите треба да бидат испратени во word документ.

4. Услови за аплицирање

  • Дипломиран правник на возраст до 35 години;
    • Интерес во областа на човековите права;
    • Задолжително присуство на online обука за академско пишување организирана од МЗМП, пред започнување на процесот на пишување на стручната статија;
    • По објавувањето на списанието, авторот да присуствува на тркалезна маса организирана од МЗМП на која ќе ги презентира наодите, заклучоците и препораките од стручната статија.

5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој млад правник кој ги исполнува потребните квалификации може да аплицира на овој јавен повик со поднесување на CV/резиме, доказ за завршен правен факултет и поднесување на концепт со опис на темата наведена погоре.

Апликациите се доставуваат по електронски пат на следата адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 28.10.2022 со назнака Концепт за стручна статија – Списание “Правен фокус”.

Пристигнатите концепти ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија. Доколку концептот е прифатен ќе бидете известени. На авторите ќе им биде испратен водич за пишување на правни статии подготвен од страна на Уредувачкиот одбор.

Избраните статии ќе бидат објавени во третото издание на стручното списание “Правен фокус”. Бројот на статии кои ќе бидат селектирани е ограничен.

6. Права од интелектуална сопственост

Со кандидатите кои што ќе се изберат, ќе биде потпишан договор за авторско дело. Дополнително, авторите ќе треба да потпишат изјава со која што ќе потврдат дека трудот не бил претходно веќе објавен на друго место и во моментот не е поднесен за објавување на друго место.

7. Исплата на надомест

За избраните кандидати предвиден е надомест во бруто износ од вкупно 12.000 денари. Исплатата на хонорарот ќе се изврши на следниот начин:

Прва рата: 50% од целосниот надомест по доставување на првата драфт – верзија од стручната статија;

Втора рата: 50% од целосниот надомест по доставување на финалната верзија од стручната статија.

8. Дополнителни информации:

Контакт лице за овој јавен повик е Андријана Марковска, проектен координатор,  е-пошта: amarkovska@myla.org.mk и тел: 02 3220 870.

Јавниот повик можете да го преземете тука.

Првото и второто издание од списанието “Правен фокус” може да ги погледнете на  веб страната на МЗМП – https://myla.org.mk/biblioteka-analizi/

NO COMMENTS

POST A COMMENT