
Јавен повик
за 2(две) експертски позиции за подготовка на секторска анализа за управување и одржливо користење на шумите
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климата“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП за објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За 2(две) експертски позиции за подготовка на секторска анализа за управување и одржливо користење на шумите
- Опис и цели на проектот
Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.
Една од посебните цели на проектот е поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.
Втората посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво на емисии, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.
- Опис на активноста предмет на овој повик
Ангажманот во овој повик е предвиден за подготовка на анализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите, која ќе биде водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област.
Со анализата треба да се изврши прибирање на податоци, мапирање, правна процена на националното и меѓународното законодавство и регулатива, за да се обезбеди јасна систематизација на релевантната регулатива и да се идентификуваат обврските на државните институции поврзани со секторот за управување и одржливо користење на шумите.
За подготовка на анализата ќе се ангажираат двајца експерти, еден технички и еден правен експерт.
3. Опис на работни задачи (технички експерт)
- Истражување и прибирање на информации преку користење на информатички алатки за пребарување;
- Користење на расположливи информации и други постоечки документи (извештаи, анализи и слично) кои се јавно достапни на веб страните на различни организации/институции кои работат во областа на управување и одржливо користење на шумите РСМ;
- Подготовка и поднесување барања за слободен пристап до информации од јавен карактер;
- Спроведување на три до пет интервјуа со претставници на институции кои работат во областа на управувањето со природни ресурси;
- Селектирање на прибраните информации за подготовка на анализата и
- Споделување на сите информации и документи со правниот експерт за заедничко конципирање на анализата
Потребни квалификации
Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:
- Високо образование од областa на природните науки;
- Работно искуство од најмалку 5 години од областа на управување и одржливо користење на шумите;
- Развиени истражувачки и аналитички способности;
- Одлични комуникациски способности и
- Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници, програми и слично.
4. Опис и работни задачи (правен експерт)
- Мапирање на националните закони, подзаконски акти и други документи (планови, програми, стратегии) поврзани со управување и одржливо користење на шумите;
- Идентификување на надлежните институции одговорни за спроведување на законите и можни поклопувања на надлежностите;
- Развивање на матрица за оцена дали се донесени и објавени предвидените стратегии, планови и програми и дали нивното спроведување има соодветен надзор;
- Процена на предизвиците при спроведување на домашните закони;
- Мапирање и процена на релевантните документи и стандарди на ЕУ;
- Утврдување на степенот на хармонизација на македонското законодавство со ЕУ аквисот;
- Идентификување на воспоставените стандарди од страна на Европскиот суд на правдата и
- Споделување на сите информации и документи со техничкиот експерт за заедничко конципирање на анализата.
Потребни квалификации
Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:
- Високо образование од областа на правните науки;
- Работно искуство од најмалку 5 години на правни работи и најмалку 2 години искуство од областа на животната средина;
- Одлични комуникациски способности;
- Развиени истражувачки и аналитички способност и
- Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници; програми и слично.
- Временска рамка и надомест
Временската рамка за подготовка на анализата е заклучно со 01.09.2022 година. Надоместот се определува согласно доставените финансиски понуди, најмногу до вкупен бруто износ од 121.950,00 денари за финансискиот експерт и најмногу до вкупен бруто износ од 121.950,00 денари за правниот експерт.
Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход), со прилог примерок или активен линк од најмалку 5 подготвени анализи, истражувања, прирачници, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: со назнака – Апликација за секторска анализа – правен експерт или – Апликација за секторска анализа – технички експерт. E-mail за доставување на документи: dnastevska@myla.org.mk
- Евалуација на кандидатите
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Целосно исполнување на критериумите од точка 3 за техничкиот експерт и точка 4 за правниот експерт од овој оглас – 70 бода
- Понуден надомест за активноста – 30 бода
- Вкупно 100 бода.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
Рокот за аплицирање е заклучно со 06.06.2022 година.
Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.
Контакт лице: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, e-mail: jarangelovik@myla.org.mk
Јавниот повик можете да го преземете тука.
Проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени” е финансиски поддржан од страна на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка -Sida. Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на донаторот и владата на Шведска.