
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА АДВОКАТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРАВНА ПОМОШ И ЗАШТИТА ОД ТОРТУРА И НЕХУМАН ТРЕТМАН НА ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите од спроведување на проектот ,,Борба со тортурата и нехуманиот третман” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAid/172218/DD/ACT/MK, објавува јавен повик за избор на адвокати кои ќе обезбедуваат правна помош на лица лишени од слобода.
- Опис и цели на проектот
Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапувањево казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установи во кои лица се лишуваат од слобода. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците, лицата лишени од слобода како и пациентите во психијатриските установи и нивните семејства за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечното постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на капацитетите на правниците како и советници во казнено-поправните, притворските, воспитно-поправните и психијатриските установи за идентификување и спречување на тортура и малтретирање.
2. Потребни квалификации на адвокатите
A. Компетенции за работно место – знаења, вештини и способности:
- Да постапува навремено и професионално при обезбедување на правната помош на осудените лица како и другите лица кои се лишени од слобода;
- Да ги утврди соодветно сите факти потребни за давање на правната информација или совет во постојана комуникација со корисниците на нивните услуги, целни групи на проектот;
- Да ги идентификува релевантните прописи и во нивна анализа да обезбеди правна информација или совет во усна/писмена форма до корисниците на правна помош;
- Да ги документира дадените правни услуги на образец изготвен од проектниот тим;
- Да ги почитува правилата и условите согласно кои се обезбедува правна помош на корисниците;
- Да поднесува редовен месечен извештај до проектниот тим;
- Да одржува редовна комуникација со проектниот тим и да учестува на обуките и состаноците организирани од проектниот тим;
- Да поднесува редовен месечен извештај за евиденција на работните денови;
B. Дополнителни компетенции
- Комуникациски вештини;
- Познавање на законската регулатива од кривично-правната материја и кривичната постапка;
- Познавање на законската регулатива која се однесува на правата на осудените лица кои се на издржување на казна затвор или на штитениците со изречена воспитно-поправна мерка;
- Искуство во работа со ранливи категории на лица;
C. Потребни квалификации
- Активна лиценца за вршење на адвокатска дејност;
- Посветеност кон заштита на човековите права, принципот на владеење на правото и заштита на маргинализирани групи, поткрепена со работа на поединечни предмети, иницијативи и проекти;
- Минимум 3 години работно искуство-претходно искуство со правна помош на осудени лица ќе се смета за предност;
- Одлично развиени и воспоставени социјални врски во нивните заедници на живеење и извршување на адвокатската дејност;
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Компјутерски вештини;
4. Временска рамка
Работниот ангажман за адвокатите ќе биде спроведен во рамки на 120 работни дена(вкупно за сите адвокати заедно) во периодот од 24 месеци.
5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: contact@myla.org.mk со назнака „Апликација за адвокат”.
Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и примерок/активен линк од документите наведени во дел II. од овој јавен повик.
Рокот за аплицирање е до 11.03.2022 година, 16:30 часот.
Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.
Повикот можете да го преземете тука.