ВАЖНО
Согласно Уредбата на Владата од 29 мај 2020 година, рокот за поднесување на барање за упис во посебната матична книга на родените престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува шест месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Со цел законот да биде функционален надлежните министерства потребно е да ги донесат следниве подзаконски акти:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
- Да ја пропише содржината и начинот на водење на евиденцијата за лица неевидентирани лица во матична книга на родени (објавена во Службен весник на РСМ бр. 134 од 22 мај 2020 година)
- Правилник за формата и содржината на барањето за упис во посебната матична книга на родените, формата, содржината и начинот на водење на посебна матична книга на родените, формата и содржината на изводот од посебната матична книга на родените, формата и содржината на изводот од посебната матична книга на умрените и начинот на издавање на извод од посебната матична книга на умрените (објавени во Службен весник на РСМ бр. 134 од 22 мај 2020 година)
- БАРАЊЕ за дополнително запишување во посебна матична книга на родените МК 1 и 2
- Kërkesë për regjistrim plotësues në librin e posaçem amë të të lindurve AL 1 dhe 2
- БАРАЊЕ за дополнително запишување во посебна матична книга на умренитe документ 1 и 2
- Посебна матична книга на родените
- Извод од посебна матична книга на родените