Ное
05
2025
Оглас за вработување на (1) ЕДНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА – ПРОЕКТЕН/на КООРДИНАТОР/ка
Оглас за вработување на (1) ЕДНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА – ПРОЕКТЕН/на КООРДИНАТОР/ка
Македонското здружение на млади правници за потребите на спроведување на своите активности објавува оглас за работна позиција Проектен/на координатор/ка со полно работно време.
За Македонското здружение на млади правници
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна и професионална организација основана во 2003 година. Организацијата обезбедува правна помош и се залага за заштита и унапредување на човековите права преку стратешко застапување и иницирање системски промени. Нашата визија е праведно и инклузивно општество каде што правото го штити достоинството на секој човек, обезбедувајќи владеење на правото, еднакви можности и одржлива животна средина. Мисијата на организацијата е да ги штити и унапредува уставните вредности преку пристап заснован на човекови права, поддршка на обесправените и активно застапување за системски промени. Работата на МЗМП е водена од принципи на достоинство, професионализам, одговорност, иновативност и одржливост.
Работните задачи и одговорности на проектниот координатор
- Програмско и административно менаџирање со проекти и обезбедување на квалитетна имплементација на сите активности, согласно договорот со донаторот и внатрешните правила на МЗМП;
- Спроведување на проектни и програмски активности, вклучително и стратешко планирање, мониторинг, координација на сите активности и комуникација со донатори, државни институции и клучните засегнати страни;
- Координација на активностите со партнерските организации и надворешните соработници;
- Следење и мониторинг на програмското работење на партнерската организација во согласност со интерните политики и барањата на донаторот;
- Организација и координација на активности поврзани со стратешкото застапување за човекови права и животна средина;
- Изготвување на квартални и годишни извештаи;
- Извршување на останати работни задачи за потребите на членовите, вработените, органите и работните тела во МЗМП.
Потребни квалификации
Основни услови:
- Завршен Правен факултет (240 ЕКТС кредити);
- Најмалку 7 години работно искуство во менаџирање и спроведување на проекти;
- Најмалку 7 години Работно искуство во човекови права и/или областа на животна средина;
- Одлично познавање на англиски јазик (пишано и говорно);
- Изразени организациски и комуникациски вештини;
- Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;
- Искуство во истражување, подготовка на анализи и извештаи;
- Искуство во давање правна помош;
- Искуство во подготовка и спроведување на обуки.
Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат:
- Положен правосуден испит;
- Работно искуство во граѓански организации (локални или меѓународни), особено во работа со маргинализирани групи и животна средина;
Постапка за пријавување
Сите заинтересирани се повикуваат да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивационо писмо;
- Други релевантни документи за поддршка на апликацијата.
Апликациите се доставуваат електорнски на contact@myla.org.mk најдоцна до 15.11.2025 година до 14:00 часот.
При доставување на апликациите во насловот да се нагласи: Апликација за проектен/на координатор/ка.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа сите навремени и целосни апликации. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Врз основа на резултатите од спроведеното интервју ќе биде избран кандидатот/ката.
Со избраниот кандидат/ка ќе се склучи договор за вработување на определено време, со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.
Работното место е во седиштето на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас бр.14/1-6, Скопје.