Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ДОНЕСЕНА ПРЕСУДА ПО КОЈА СЕ УТВРДУВА МОБИНГ

Македонското здружение на млади правници – МЗМП информира  дека Основниот суд Скопје II Скопје, на 04.03.2016 година донесе пресуда со која утвдри психичко вознемирување на тужителот со што истото предизвикало душевна болка, страв, понижување, повреда на достоинството, интегритетот, честа и угледот на тужителот со што крајна цел било напуштање на работното место. Судот наложува, тужените да престанат со психичкото вознемирување на работното место на тужителот и да овозможат соодветно вреднување на неговата работа.

Оваа одлука е од големо значење затоа што психичкото вознемирување на работното место односно мобингот е доста зачестена појава а истата многу ретко се пријавува и ретко се поведуваат постапки за заштита од истото.

Оваа постапка ја подржа МЗМП во рамки на проектот “Борба против дискриминација преку стратешко застапување, зајакнување на улогата на граѓанските организации”. Постапката ја води адвокат Петро Јанура од Скопје.

mobing-presuda

NO COMMENTS

POST A COMMENT