Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Известување за доделени грантови на граѓански организации за спроведување акции за заштита на животната средина

дфг

Врз основа на Јавен повик за доделување грантови на граѓански организации за спроведување акции за заштита на животната средина во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, Комисијата за евалуација на пријавите спроведе евалуација на пристигнатите пријави.

Од вкупно 41 пријава која беше евалуирана од Комисијата, доделени се 7 грантови:

 Назив на организацијатаНаслов на проектотЦел на проектот
1Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА БитолаСТОП за аерозагадувањеНамалување на аерозагадувањето во Битола со ПМ честички, особено во регионот на населбата Јени Маале и зголемување на свеста и проактивноста на граѓаните и надлежните институции
2Здружение за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК КочаниЗајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина КочаниЗајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, медиумите, институциите и приватниот сектор за да се влијае врз јавните политики и донесување одлуки врз животната средина, конкретно врз справувањето со неопасен отпад во општина Кочани
3Здружение за локален развој ЛОКАЛ АКТ Македонски БродПреку мониторинг и следење до зголемена ефикасност на општинските мерки за заштита на природните ресурсиДа се подобри заштитата на природните ресурси преку зголемување на ефикасноста и транспарентноста на општинските мерки, со посебен акцент на законските обврски, локалните политики и јавната свест за одржливо управување
4Здружение за застапување, спроведување и поддршка на решенија со кои луѓето ќе бидат подобро поврзани со природата НАТУРА МК СкопјеПоддршка за креирање на одржливи финансиски модели за заштитените подрачјаПоддршка на заштитените подрачја за воспоставување на модели за одржливо финансирање на заштитата на природата и биолошката разновидност
5Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ГевгелијаЕколошка Свесност: Селектирај, Рециклирај, РеагирајПодигнување на свеста за важноста на рециклирањето и селектирањето на отпад со цел намалување на отпадот и негово правилно искористувње и управување
6Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. ПрилепЕко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштитата на животната срединаЗголемување на граѓанското учество во процесите на заштита на животната средина преку развој на активизам во заедниците и подобрување на транспарентноста и комуникацијата со властите
7Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија СкопјеГраѓански мониторинг за одговорно управување со водитеДа се зајакне улогата на граѓанските организации во ефективното следење и мониторинг на управувањето со водите преку подобрување на нивните капацитети и обезбедување на алатки за транспарентност и отчетност
NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.