Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
случај „партизанска ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ

Случај „Партизанска”- што вели законот?

Сторителот е полнолетно лице на 20-годишна возраст. Нему управувањето со возило со смртни последици не му е прво кривично дело. За јавноста е нејасно зошто лице со претходна историја на кривични дела било на слобода во моментот кога е случено делото. Се обидовме во кратки црти да го образложиме процесот за да биде појасно за сите.

Важно: Идејата на овој материјал не е да ја оценуваме работата на судот, обвинителството или било кој друг чинител. Прашањата се извлечени од најчестите прашања кои ги поставува јавноста, а одговорите се базираат на одредбите од Законот за кривичната постапка (ЗКП), Кривичниот законик (КЗ) и Законот за правда за децата (ЗПД).

  1. Зошто за полнолетно лице е изречена мерка воспитно-поправен дом?

Заштитата на децата е важен елемент во сите сегменти на општеството, вклучително и во случаи кога се нашле во судир со законот (односно сториле прекршок или кривично дело). Верувањето дека децата можат да застранат, но и да се воспитаат и да се вратат на правиот пат е појдовната точка кога се утврдува вината и се определува мерка за децата. Мерките кои стојат на располагање се: 1) укор или упатување во Центар за деца; 2) засилен надзор од родителот/старателот, специјализирано згрижувачко семејство или од Центарот за социјални работи, и 3) заводски мерки – упатување во воспитна установа или воспитно-поправен дом.   (член 39 од ЗПД)

Иако по правило, за деца се сметаат лицата до навршени 18 години, сепак кога станува збор за казнување, постои можност и за лица кои штотуку станале полнолетни да бидат изречени мерки предвидени за деца. (член 71, ЗПД). Целта на ваквото решение е да се даде можност на лицата во овој премин да го сфатат значењето на полнолетноста и одговорноста што таа ја носи со себе.

Законот овие лица ги смета за помлади полнолетни лица – (во времето на пресудување за дејство со закон предвидено како кривично дело наполнило 18, а не наполнило 21 година). (Член 21, став 1, алинеа 12, ЗПД). Во јули 2024 година, Васил имал 20 години, што значи дека влегува во оваа категорија.

  • Дали судијата одлучува сама?

Во предметите за кривични дела во кои главната казна согласно закон изнесува помеѓу 5 и 15 години не одлучува судија поединец туку совет составен од судија и двајца судии-поротници. (член 25, ЗКП). Судиите- поротници не се судии и не мора да се правници, туку лица од разни професии кои му помагаат на судијата при оцена на валидноста на доказите и имаат право на глас во однос на одлуката. Пред да бидат назначени, судиите-поротници поминуваат соодветна обука од Академијата за судии и јавни обвинители. (член 42, Закон за судови)

  • Дали е кривично дело што судот ја базира одлуката врз основа на своја оцена?

Судот има право самостојно да ги оценува доказите и да утврди кои факти се вистинити, но истовремено мора јасно да објасни зошто донел одредена одлука. (Член 16, ЗКП) Ова е начелото на слободна оцена на доказите  и е едно од основните начела на кои се потпира целата кривична постапка.

Судот мора да ги следи правилата за одмерување на казната, висината на казната пропишана со посебното кривично дело кое може да се изрече како и да ги следи општите правила за одмерување на казната.(Член 39, ЗКП). Притоа ќе ги има предвид сите околности што влијаат казната да биде помала или поголема (олеснувачки и отежнувачки околности), а особено: степенот на кривичната одговорност, побудите од кои е сторено делото, јачината на загрозувањето или повредата на заштитното добро, околностите под кои е сторено делото, придонесот на жртвата во извршувањето на делото, поранешниот живот на сторителот, неговите лични припики и неговото однесување по стореното кривично дело, како и други околности што се однесуваат на личноста на сторителот. (Член 39 став 2, ЗКП). При одмерувањето на казната судот посебно ќе Увнимава на вкупното дејствие на казната и нејзините последици врз личноста на сторителот и потребите на неговата ресоцијализација. (член 39 став 3, ЗКП)

  • Дали судијата морала да го примени Законот за правда за децата или имала простор да изрече и друга казна?

 (Член 71, ЗПД).  Ако целта на казнувањето е да се обезбеди превоспитување и ресоцијализација, а притоа да се обезбеди соодветно обезбедување да не врши нови кривични дела, а станува збор за лице помлад полнолетник, судијата законски има право, но не мора, да ги разгледа сите докази, вклучително и однесувањето на сторителот за време на судењето, и да донесе одлука која е соодветна на неговата возраст и однесување.

  • Дали поднесената жалба автоматски значи дека судијата го прекршил законот?

Правото на жалба е загарантирано право за страните во постапката (член 410, ЗКП).Повисокиот суд може да оцени дека треба да се испитаат доказите подобро или дека врз основа на доказите може да се пресуди поинаку.  

  • Што значи „предметот е по жалба“?

Некоја од страните во постапката (ОЈО или обвинетиот) поднела жалба против пресудата на основниот суд. Целиот предмет се наоѓа во Апелациониот суд, како второстепен суд, кој врши оцена на пресудата на основниот суд. Ефикасноста на судските постапки е од исклучителна важност. Иако пресудата е јавно објавена, немаме податоци кога таа е примена од страна на ОЈО и на обвинетиот и колку време трае постапката пред Апелацијабидејќи рокот за поднесување на жалба почнува од моментот на прием.

  • Што значи правосилност на пресуда?

Правосилност на пресудата значи дека таквата пресуда е конечна, односно дека истекол рокот за жалба или дека веќе е завршена постапката по жалба.  (Член 134, ЗКП)

  • Што е притвор и колку долго смее да трае?

Притворот е мерка за обезбедување на присуство и се изрекува само под услови изрично утврдени во Законот за кривична постапка. (пр.уништување на трагите и доказите за кривичното дело, влијание врз сведоци и соучесници, околности кои го оправдуваат стравот за повторување на кривичното дело). (член 165, КЗ).   При одлучување за притворот, посебено за неговото траење, особено се води сметка за сразмерноста меѓу тежината на стореното кривично дело, казната која може да се очекува според податоците со кои располага судот и потребите за определување и траење на притворот. (Член 164, КЗ).

Постојат различни временски ограничувања за траењето на притворот во различни фази од кривичната постапка (истражна постапка-180 дена, по одобрување на обвинителен акт до завршување на главна расправа-1 година и по објавување на пресудата).  

По донесувањето на предусдата- кога ќе се изрече пресуда со која обвинетиот се осудува на казна затвор, судечкиот совет може да определи притвор доколку обвинетиот веќе не се наоѓа во притвор. По објавувањето на пресудата до нејзината правосилност, за определување, продолжување или укинување на притворот надлежен е засебен совет од тројца судии при надлежниот суд. (Член 25, ЗКП)

  • Доколку не е изречен притвор со пресудата, дали постои механизам за следење на однесувањето на осуденото лице?

Ваков механизам не постои. Би било корисно доколку постои механизам – засилен надзор, работа со стручни лица (психолог и социјален работник) или обврска за повремено пријавување во полициска станица, особено во случаи на признавање на делото. Би било соодветно и доколку би постоеле советувалишта и други соодветни центри каде што деца и млади лица во ризик би можеле да бидат упатени на советување заради напуштање на штетни практики и подобрување на своето однесување, со цел превенција од повторување или сторување на нови дела.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.