Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
sliki tetovo dete izvestuvanja

Објавена пресуда за кривично дело Трговија со дете

Основниот Кривичен Суд Скопје на ден 18.11.2024 година ја објави пресудата со која ги огласи за виновни девет лица од Гостивар и Тетово за кривичното дело Трговија со дете од член 418 Г од Кривичниот законик.

Ова е случајот за кој се известуваше во многу медиуми во земјата и во регионот.

sliki tetovo dete izvestuvanja

“Во временскиот период од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш.,за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист”.

Основниот Кривичен суд Скопје за обвинетите изрече вкупна казна затвор од 47 години и 6 месеци.

За лицето Г.Ш изречена е казна затвор од 8 години и 6 месеци и за обвинетиот С.С изречена е казна затвор од 7 години и 6 месеци. Другите обвинети добија казни затвор од 6 години(едно лице), 5 години(едно лице), четири години и 6 месеци(едно лице) и 4 години(четири лица).

Истовремено, за оштетената, обвинетите се задолжени да и платат за нематеријална штета-претрпени душевни болки износ од 700.000,00 денари.

Ги поздравуваме заложбите на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои на 11.05.2023 година успешно ја спроведоа акцијата во која 11 лица беа обвинети за кривичното дело Трговија со дете.

Сепак, со оглед на тежината на кривичното дело Трговија со дете и експлоатацијата која се вршело врз детето, во временски период од 2020 до септември 2021 година, сметаме дека изречените казни за сторителите се ниски. Само една од казните е во законскиот минимум пропишан за кривичното дело-Трговија со дете за кое е предвидено казна затвор од најмалку 8 години. Казните за другите осудени лица кои ја вршеле експлоатацијата и користеле услуги од детето се исто така ниски и сметаме дека нема да ја исполнат генералната превенција на казната затвор за невршење на вакви сериозни дела кои оставаат трајни трауматски последици врз децата.

Се надеваме дека Кривичниот суд добро ќе ја образложи причината за одмерување на казните, и дека притоа ја зел во предвид повредата на заштитеното добро, а тоа се слободите и човековото достоинство на детето, во последниот период и зачестеноста на ваквиот вид на кривични дела кои се вршат и преку интернет, како и општествената опасност од вакви видови на кривични дела како отежнувачки околности.

Најпосле, ја поздравуваме одлуката на Основниот Кривичен суд Скопје за доделување на имотноправно побарување за детето жртва во кривичната постапка, во износ до сега највисок доделен за жртва дете во кривична постапка.

Оштетениот е застапуван од адвокат Татјана Донеска од Скопје, член на тимот на адвокати на Македонското здружение на млади правници.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.