Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
zeleni opstini

Грантова шема за доделување мали грантови на младински организации и организации за млади за спроведување акции за заштита на животната средина- Појаснувања на прашања добиени до 30.06.2023 година

zeleni opstini
Прашања:Појаснувања:
Дали е задолжително организациите да бидат регистрирани во Регистарот на младински организации и организации за млади?Регистрирањето на организациите во Регистарот на младински организации и организации за млади се охрабрува но не е задолжително и нема да биде земено во предвид при евалуацијата на пријавите. Евалуациониот тим ќе цени самостојно дали се работи за младинска организација или  организација за млади согласно условите предвидени со Законот за младинско учество и младински политики. Затоа во пријавата и пропратните документи треба да содржат информации за да може да се оцени исполнувањето на овој услов.
Дали ќе биде задолжително да се поведе постапка за ослободување од ДДВ?Трошоците за ДДВ не се признаваат. Подносителите на пријавите кои ќе бидат избрани ќе бидат обврзани да спроведат постапка за ослободување од ДДВ по упатства и насоки од МЗМП.
Дали условот за учеството за аплицирање за мали грантови кој се однесува дека организацијата не смее да користи оперативен грант од Европската Унија се однесува и за партнертската организација?Да, согласно точка 3.2 од Јавниот повик партнерите треба да ги исполнат истите услови како и апликантите вклучувајќи го и условот дека не смее да се користи оперативен грант од Европската Унија.
Дали со проектната апликација како предлог активност може да се предвиди соработка со службеници за млади од единиците на локалната самоуправа?Согласно Јавниот повик не постои ограничување во однос на видовите активности се додека придонесуваат кон остварувањето на целта на повикот. Општата цел на проектот е да се зајакне влијанието на младите активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштитата на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Соработката со службеници на млади од единиците на локалната самоуправа може да биде предвидена.
Како дополнителни документи во прилог на образецот за пријавување и образецот за предлог- буџетот, потребно е да се доставуваат и дополнителни документи. Дали е потребно да се достават тековна програма / стратешки план на организацијата или може и друг документ од кој би произлегло дека организацијата работи со млади или за млади?Во точка 4.2 од Јавниот повик се наведени документите кои треба да бидат доставени во прилог на апликацијата. Според тоа, покрај задолжителното доставување на статутот, неопходно е да се достави или тековна програма или друг соодветен стратешки документ на организацијата (стратегија, стратешки план и сл.) во кој ќе бидат определени мисијата и целите на организацијата.
Дали мора да се придржуваме кон листата на активности кои се предвидени во јавниот повик?Во точката 2.5 од Јавниот повик е наведена само илустративна, не исклучива листа на активности со кои може да се аплицира на овој јавен повик. Согласно истата точка, „видовите активности со кои може да се аплицира на овој јавен повик, не се ограничува само на наведените“. Според тоа, активностите мора единствено да придонесуваат кон остварување на целите на повикот и да придонесуваат кон барем еден од приоритетите на повикот.
Моментално го пополнуваме Прилог 2 – Образец за буџет. Ние сакаме во проектот да ангажираме: 1. Проектен координатор на пола работно време (50%) и 2. Офицер за финансии на третина работно време (33%) За истите планираме да бидат ангажирани хонорарно, односно за нив да плаќаме само 10% персонален доход кон УЈП. Прашањата се: 1. Дали може така да ги планираме, бидејќи реално нема доволно финансиски средства да им плаќаме здравствено и социјално осигурување? 2. Дали доколку може, во која буџетска ставка треба да ги буџетираме (ставиме)?Во јавниот повик за доделување на мали грантови, во точката 8.2 се појаснети буџетските ставки. Буџетската ставка треба да опфаќа само трошоци за сите лица вработени исклучиво врз основа на договор за вработување вклучитечно и придонеси за социјално и здравствено осигурување. Износот во оваа буџетска категорија не треба да надминува 30% од вкупниот износ на буџетот. Сите останати договори треба да се буџетираат во ставката која се однесува на надоместоци за соработници, експерти и обучувачи. Тука се вклучуваат трошоци кои се однесуваат на хонорари за лица ангажирани врз основа на договор. Тоа може да бидат експерти, консултанти, сметководители итн. Во оваа ставка можат да се буџетираат и проектните координатори доколку не се во работен однос со апликантот.
Ние  сме ваши грантисти на проектот Обезбедување на пост-пенална помош на осудени,поранешно осудени лица и лица кои се извршуваат пробациски работи. Би сакале да аплицираме на повикот кој го реализирате во партнерство со GO GREEN за доделување на мали грантови  на младински организации и организации за млади за спроведување акции за заштита на животната средина но  дали имаме право на тоа?Проектот од Европската Унија за обезбедување на пост- пенална помош на осудени, поранешно осудени лица и лица кои извршуваат пробациски работи не е оперативен грант . Следствено на тоа, доколку се исполнети  останатите услови предвидени во точката 3.1 од Јавниот повик не постои правна пречка за аплицирање на повикот за доделување на мали грантови за младински организации и организации за млади за спроведување акции за заштита на животната средина.
Дали условот кој се однесува на фактот дека вкупните годишни приходи  остварени за 2022 година да не надминуваат износ од 100.000 евра во денарска противвредност на годишно ниво се однесуваат и за партнерската организацијата?Согласно точка 3.2 од Јавниот повик, партнерите треба да ги исполнуваат претходно наведените услови како и водечките апликанти.
Дали сумата за вкупниот буџет на проектот, треба да достигне иста сума во табелата за набројување на трошоци или тоа ќе биде плус?Буџетот мора биде аритметички точно пресметан, без грешки и несовпаѓања и да бидат исполнети условите наведени во дел 8 од Јавниот повик.
По кој курс да го пресметаме еврото?За време на планирањето на буџетот како насока може да се користи средниот курс од НБРСМ. Доколку пријавата е избрана, а е неопходно да се направат одредени усогласувања како последица на разликата во курсевите тоа ќе може да се направи во постапката на преговарање, пред склучувањето на договорот.
NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.