Млади правници и студенти по право следеа обука за правно говорење
На 08.05.2023 година млади правници и студенти по право следеа обука за правно говорење со цел зголемување на нивните вештини и капацитети во делот за правно говорење.
Обуката за правно говорење е втората спроведена обука од Курсот за практични правни вештини преку кои студентите по право и младите правници ќе ги зајакнат способностите за правно пишување, правно говорење, интервјуирање и советување; вештини за судење; правно расудување и аргументирање и правно истражување и етички аспекти на правната професија. Обуката ја спроведе судија Славица Наумова Јосифовска.
Курсот за практични правни вештини се спроведува во рамки на проектот „ Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.