Прашалници за испитување на ставовите на младите и возрасните за прашања поврзани со радикализам и поддршка на процесите на рехабилитација и реинтеграција на повратници
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) спроведува истражување во рамки на проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници”.
Проектот има за цел да придонесе кон градење на локални заедници кои ќе бидат отпорни на радикализација преку јакнење на капацитетите и поддршка на заедниците и ранливите групи во процесот на превенција и борба против ширење на радикална идеологија и рехабилитација и реинтеграција на повратниците во земјата.
Во рамки на проектот се спроведуваат два прашалници кои имаат за цел да го испитаат знаењето и ставовите на возрасните, односно на младите на возраст од 15 – 17 години за прашања поврзани со радикализам и поддршка на процесите на рехабилитација и реинтеграција на повратници.
Прашалниците се достапни на македонски и на албански јазик и се анонимни, а одговорите ќе послужат исклучиво за целите на среднорочната евалуација на проектот.
Линкови до прашалниците:
Прашалник за млади (15 до 17 г.) МК – https://www.surveymonkey.com/r/28WR5KC
Прашалник за млади (15 до 17г.) АЛ – https://www.surveymonkey.com/r/2M6QY35
Прашалник за заедниците МК – https://www.surveymonkey.com/r/28BV2F6
Прашалник за заедниците АЛ – https://www.surveymonkey.com/r/2MZHRBR