МЗМП спроведе курс за практични правни вештини
На 23.03.2023 година МЗМП спроведе обука за правно пишување наменета за студенти по право и млади правници со цел зголемување на нивните вештини и капацитети во делот за правно пишување. Обуката ја следеа 41 млади правници и студенти по право.
Обуката за правно пишување е првата спроведена обука од Курсот за Практични правни вештини, преку кои студентите по право и младите правници ќе имаат можност да ги зајакнат нивните капацитети на релевантни правни теми како правно пишување, правно говорење интервјуирање и советување; вештини за судење; правно расудување и аргументирање и правно истражување и етички аспекти на правната професија.
Учесниците имаа можност да го утврдат познавањето на овие вештини преку нивно непосредно применување/вежбање, како би ја премостиле празнината која ја чувствуваат по дипломирањето и започнувањето со работа. Крајната цел е преку совладување на овие вештини учесниците да бидат подобро подготвени, а со самото тоа посамоуверени и поконкурентни на пазарот на трудот.
Курсот за практични правни вештини се спроведува во рамки на проектот „ Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.