Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас за вработување на Правник/чка на определено време

Македонското здружение на млади правници за потребите на спроведување на своите активности објавува оглас за позицијата Правник/чка со полно работно време.

Работните задачи и одговорности на правник/чка:

  • Комуникација и работа со маргинализирани категории на лица;
  • Посета на институции во кои се сместени лица лишени од слобода;
  • Комуникација со странки во делот на обезбедување правна помош особено на маргинализирани категории на лица;
  • Истражување на правни проблеми/прашања за потребите за бесплатна правна помош ;
  • Изготвување на извештаи за својата работа;
  • Останати работни задачи за потребите на членовите, вработените, органите и работните тела во МЗМП;

Потребни квалификации

  • Завршен Правен факултет;
  • Работно искуство во правната професија од најмалку 5 години;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  • Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;
  • Организациски и комуникациски вештини;
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност;
  • Искуство во граѓански сектор и работа со маргинализирани групи ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола од Б категорија ќе се смета за предност;

Постапка за пријавување и избор

Сите заинтересирани се повикуваат да достават CV и мотивациско писмо во електронска форма на contact@myla.org.mk најдоцна до 20.02.2023 година до 14:00 часот, со наслов: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на Правник/чка на определено време.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Врз основа на резултатите од спроведеното интервју ќе биде избран кандидатот.

Со избраниот кандидат/ка ќе се склучи договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.  Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.

Работното место е во седиштето на Македонското здружение на млади правници на ул. Донбас бр.14/1-6, Скопје.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.