Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
viber image 2022 12 21 13 59 59 548

Зазеленување на младинското учество и политики- прва конференција на проектот „Младински активизам за позелени општини”

viber image 2022 12 21 13 59 59 548

Вчера се одржа првата конференција “Зазеленување на младинското учество и политики” на проектот „Младински активизам за позелени општини” на која претставниците од граѓанските и младинските организации, младите и претставници од институции и општини исцрпно дискутираа и разменуваа меѓусебни идеи и ставови за позелени општини и зајакнување на позицијата и капацитетите на младите во заштитата на животната средина.

Главна цел на конференцијата беше да се истакне важноста и да се поттикнување дебата за активно вклучување на младинските организации и младите во процесите на креирање политики за животна средина на локално ниво, како и зајакнување на соработката меѓу младите, младинските организации и локалните самоуправи за унапредување на животната средина, справување со постоечките проблеми, моменталната состојба и предизвиците.

Претставниците од Младински образовен форум (МОФ), Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Сојузот за младинска работа дадоа осврт на улогата и придонесот на младинските организации и младите во процеси на креирање политики и носење одлуки за животна средина на локално ниво, застапување на интересите на младите лица, моментална состојба, предизвици и најдобри практики. Дополнително, националниот консултант и раководител на работна група за младинско учество при подготовка на Националната стратегија за млади 2023-2027 го сподели искуството за работата на работната група, интересот на младите за вклучување во истата како и унапредувањето на животната средина како поставена стратешка цел за младинското учество.

Во текот на вториот панел претставници од локалните младински совети од општина Крива Палнка, Маврово и Ростуше дадоа осврт на улогата и значењето на локалните младински совети во процесите на креирање на политики на локално ниво, додека службеникот за млади од Крушево и помлад соработник во ЛЕР од Кавадарци ја истакнаа мсостојба, проблеми и предизвици на општините во однос на младинско учество и активно вклучување на младите за прашања поврзани со животна средина.

Во последниот панел претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање и Заедница на единиците на локална самоуправа на РСМ ги истакнаа надлежностите на локалната самоуправа согласно законодавството за животна средина и моменталната состојба со проблемите со животна средина на локално ниво. Дополнително, се презентираше водичот за општински службеници и граѓански организации за обврските на  единиците на локалните самоуправи поврзани со усвојување на стандардите поставени во правото на ЕУ.

На крај, претставниците од Проектот дадоа свој осврт на улогата на еколошките организации за промоција на животна средина и зошто е потребна младинска акција при креирање политики за животна средина на локално ниво, како и се споделија информации за суб-грантирање насочено кон локални младински организации.

Благодарност до Заменик министерката за животна средина Христина Оџаклиеска за воведното и поздравно обраќање на конференцијата и поддршката во овие процеси.

Конференцијата е организирана во рамки на проектот “Младински активизам за позелени општини” поддржан од Европска Унија, а спроведуван од Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.


 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.