Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Screenshot 1 1

Eфикасноста на правната заштита на човековите права во Pепублика Cеверна Mакедониja – годишен извештај 2022 година

Screenshot 1

Човековите права претставуваат основни права и слободи што му припаѓаат на секое лице во светот еднакво, од раѓањето, без оглед на тоа од каде доаѓа, во што верува или како избира да го живее својот живот. Тие не може да бидат ограничувани бидејќи се темелат врз заеднички вредности, како што се достоинство, непристрасност, правичност, еднаквост, почит и независност

Осма година по ред Македонското здружение на млади правници подготвува Годишен извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во државата, со цел објективно да ги прикаже повредите на човековите права идентификувани за тековната година. Заштитата на човековите права во државата е примарна дејност на тимот на МЗМП, кој секојденвно работи за нивно остварување, помагајќи им на граѓаните, посебно најранливите.

Извештајот за ефикасноста на правната заштита на човековите права во државата за 2022 година ги анализира повредите на човековите права во повеќе области: правата поврзани со животот и телото и личноста, осврнувајќи се на родово базираното насилство, заштитата од тортура, нечовечко и понижувачко однесување, полициската бруталност и институционалните капацитети, правото на еднаквост и заштита од дискриминација, заштитата на личните податоци и приватноста, правото на здрава животна средина, правото на социјална заштита, правото на здравствена заштита, правото на државјанство и правен идентитет, правото на азил и интеграција на бегалците, правата на странците и мигрантите.

Извештајот ја анализира работата на Уставниот суд, ефикасноста на механизмите за заштита на човековите права и пресудите на Европскиот суд за човекови права донесени во 2022 година што се однесуваат на РСМ, а во кои се утврдува повреда на правата заштитени со Европската конвенција за човекови права.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.