МЗМП спроведе обука за зајакнување на вештините на младите правници
Од 12 до 14 јуни во Охрид, МЗМП спроведе дводневна обука за зајакнување на вештините и капацитетите на младите правници на која присуствуваа 17 млади правници кои се учесници во четвртиот циклус на практикантската програма.
Обуката беше фокусирана на три области: Вештини за барање на работа во правната професија, а обучувач беше Искра Конеска, специјалист за човечки ресурси; Сензибилизација при работа со маргинализирани групи со обучувачи Маја Атанасова, правник во МЗМП и Јана Зенговска, психолог; и Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија со обучувач Адвокат Павлина Зефиќ.
Оваа обука е дел од низа обуки од Практикантската програма која се одвива во рамки на проектот „Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.