Поважни достигнувања:
- Добиена пресуда од ЕСЧП каде се утврдува повреда на право на бегалец
- Усвоена времена мерка од ЕСЧП за повреда на право на бегалец-задржано лице
- МЗМП Интервенција како заинтересирана страна во случај пред ЕСЧП
- МЗМП има формирано група на адвокати за стратешко застапување на предмети во областа на азилот (SLAG)
- МЗМП има формирано група на адвокати кои ги следат миграциските движења, пристапот до територија и принципот на невраќање (non-refoulment) од страна на државата (Antenna Lawyers)
- Поддршка на системот за азил и регистрација на случаи во последните неколку години, вклучувајќи ја и кризата со бегалци/мигранти почнувајќи од 2015 година
- МЗМП во 2023 година, преку предложување на измени во Законот за странци кои подоцна ги усвои Собранието, издејствува трајно да се реши статусот на преостаниот број на бегалците (150 бегалци меѓу кои и деца) од косовската криза од 1999 година.
- СЛУЧАЈ ЉАТИФИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
- СЛУЧАЈ С.Б. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Регионална и меѓународна соработка
МЗМП е основач и член на
Балканскиот совет за бегалци и миграции (БРМЦ) е коалиција на пет граѓански организации на општеството од Босна и Херцеговина, Македонија, Косово и Србија.Членовите на коалицијата се истакнати граѓански организации со специфични надлежности демонстрирани преку долгогодишна работа во областа на азилот и миграциската политика и на национално и регионално ниво.
Од 2012 година МЗМП е дел од
Од 2017 година МЗМП е дел од



