Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Соопштение за медиумите од Македонското здружение на млади правници

МЗМП на 27.3.2026 година го дава ова соопштение во врска со објавен новинарски текст на порталот Слободен Печат: Млади правници, стари финти и „неписмени новинари“ напишан од Хари Кацановски.

Истакнуваме дека објавата која индицира на МЗМП, не е официјален став на здружението. МЗМП се оградува од било какво постапување на поединци кои контактирале со новинарот. Воедно би сакале да потенцираме дека како здружение сме против секакви навреди кон новинари и се залагаме и за професионално известување.

Истовремено потенцираме дека заложбата на МЗМП за соработка со новинарите и нивно почитување останува подеднакво важна како и досега.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.