Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
viber image 2026 02 11 12 22 50 569 2

Градење на инклузивни и отпорни заедници преку јакнење на локалните и институционалните капацитети

Во рамки на проектот „Градење на инклузивни и отпорни заедници“, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) реализираше серија тематски работилници насочени кон превенција на насилен екстремизам, јакнење на мултидисциплинарната соработка и унапредување на постпеналниот третман и реинтеграција на осудени лица.

Активностите беа наменети за претставници на локалните самоуправи, стручните служби од секторите за дејности од јавен интерес (детска, социјална и здравствена заштита, образование), како и за мултидисциплинарни тимови и претставници од казнено-поправните установи и локалните заедници.

Работилници за превенција на насилен екстремизам на локално ниво

Во општините Шуто Оризари, Велес и Центар беа одржани работилници посветени на улогата на локалната самоуправа и институциите во превенцијата и одговорот на насилен екстремизам.

Работилниците опфатија:

  • Преглед на националната рамка, надлежните институции и релевантните политики во областа на спречување на насилен екстремизам Агенда работилница општина Велес
  • Препознавање на појавните форми на екстремизам и рани знаци на радикализација
  • Улогата на општините и локалните институции во координацијата, следењето и пријавувањето на ризични појави
  • Механизми за соработка меѓу институциите и заедницата

Посебен фокус беше ставен на интерсекторската координација и на практични пристапи за навремена реакција, со цел зајакнување на отпорноста на локалните заедници и спречување на ризиците од радикализација.

Дводневна работилница во Велес за унапредување на пред и постпеналниот третман

viber image 2026 02 11 12 22 50 569 1

На 11–12 февруари 2026 година во Велес беше одржана дводневна работилница со мултидисциплинарни тимови од КПУ Идризово, Затвор Куманово, како и локалните мултидисциплинарни тимови од Скопје, Гостивар и Куманово.

Работилницата беше посветена на:

  • Развој на специфични алатки и инструменти за работа со осудени лица со ризик од радикализација
  • Изработка на програма за подготовка пред отпуст, со јасно дефинирани елементи и насоки
  • Разработка на Стандардни оперативни процедури (СОП) за постпенална помош
  • Размена на искуства преку студии на случај
  • Унапредување на координацијата помеѓу казнено-поправните установи и локалните мултидисциплинарни тимови

Преку интерактивна работа и дискусија, учесниците работеа на конкретизирање на постапките за реинтеграција, поддршка и намалување на ризикот од повторна радикализација, со акцент на ранливи и маргинализирани лица.

Кон системски и одржлив пристап

Серијата работилници придонесува кон воспоставување појасни механизми за соработка меѓу институциите на локално и национално ниво, зајакнување на професионалните капацитети и развивање на структурирани пристапи за превенција и реинтеграција.

Проектот „Градење на инклузивни и отпорни заедници“ се реализира со поддршка на Global Community Engagement and Resilience Fund (GCERF) и има за цел да обезбеди системски, координиран и одржлив одговор на ризиците од насилен екстремизам, преку јакнење на институционалните практики и активна вклученост на заедницата.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.