Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
2 scaled

Преку три работилници до поквалитетни податоци и поефикасни политики во системот за правда за деца

Во периодот октомври – декември 2025, во блиска соработка со Државниот совет за детско престапништво и правда за деца, успешно реализиравме три работилници со професионалци од различни сектори вклучени во системот за правда за деца, со цел унапредување на пристапот кон прибирање и анализа на податоци поврзани со децата во контакт со законот. Активноста е дел од проектот „Младите правници за поприлагоден систем за правда за деца“, кој МЗМП го спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сите три работилници се реализирани на тема: „Презентација, обучување и обезбедување конзистентен пристап во прибирање на податоци утврдени со индикаторите за следење на имплементацијата на Законот за правда за деца и на состојбата со детското престапништво во Република Северна Македонија“. Освен професионалци од различни сектори во системот за правда за деца (полициски службеници, стручни лица од центрите за социјална работа и претставници од судство и обвинителство), на работилниците присуствуваа и сите членови на Држвниот совет, како и надворешни членови на истиот.

Првата работилница се одржа на 14ти октомври 2025 година со претставници на организациските единици за криминалистичко-разузнавачка анализа од секторите за внатрешни работи.

3
2

Втората работилница се одржа на 28ми октомври 2025 година, со 29 претставнци на 26 центри за социјална работа на територија на Северна Македонија.

1 1

Третата рaботилница се одржа на 16ти декември 2025 година, во форма на онлајн средба со повеќе од 50 присутни, претставници на основните судови – судии за деца и службеници за внес на податоци, и јавни обвинителства – јавни обвинители и службеници за внес на податоци.

4 1

Работилниците овозможуваат поправилно, подетално и посеопфатно согледување на состојбата на децата во контакт со законот, што претставува значаен чекор кон функционално и ефективно креирање политики засновани на проверени, точни и споредливи податоци. Со ваквите активности се поставуваат основи за поусогласен, транспарентен и пристам заснова на проверени и точни податоци заради посеопфатно унапредувањето на системот за правда за деца во државата.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.