Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас за вработување на (1) ЕДНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА – ПРОЕКТЕН/на КООРДИНАТОР/ка 

Оглас за вработување на (1) ЕДНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА – ПРОЕКТЕН/на КООРДИНАТОР/ка 

Македонското здружение на млади правници за потребите на спроведување на своите активности објавува оглас за работна позиција Проектен/на координатор/ка со полно работно време. 

За Македонското здружение на млади правници 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна и професионална организација основана во 2003 година. Организацијата обезбедува правна помош и се залага за заштита и унапредување на човековите права преку стратешко застапување и иницирање системски промени. Нашата визија е праведно и инклузивно општество каде што правото го штити достоинството на секој човек, обезбедувајќи владеење на правото, еднакви можности и одржлива животна средина. Мисијата на организацијата е да ги штити и унапредува уставните вредности преку пристап заснован на човекови права, поддршка на обесправените и активно застапување за системски промени.  Работата на МЗМП е водена од принципи на достоинство, професионализам, одговорност, иновативност и одржливост. 

Работните задачи и одговорности на проектниот координатор  

  • Програмско и административно менаџирање со проекти и обезбедување на квалитетна имплементација на сите активности, согласно договорот со донаторот и внатрешните правила на МЗМП;  
  • Спроведување на проектни и програмски активности, вклучително и стратешко планирање, мониторинг,  координација на сите активности и комуникација со донатори, државни институции и клучните засегнати страни; 
  • Координација на активностите со партнерските организации и надворешните соработници; 
  • Следење и мониторинг на програмското работење на партнерската организација во согласност со интерните политики и барањата на донаторот; 
  • Организација и координација на активности поврзани со стратешкото застапување за човекови права и животна средина; 
  • Изготвување на квартални и годишни извештаи; 
  • Извршување на останати работни задачи за потребите на членовите, вработените, органите и работните тела во МЗМП.  

Потребни квалификации 

Основни услови: 

  • Завршен Правен факултет (240 ЕКТС кредити); 
  • Најмалку 7 години работно искуство во менаџирање и спроведување на проекти; 
  • Најмалку 7 години Работно искуство во човекови права и/или областа на животна средина;  
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишано и говорно); 
  • Изразени организациски и комуникациски вештини; 
  • Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа; 
  • Искуство во истражување, подготовка на анализи и извештаи;  
  • Искуство во давање правна помош; 
  • Искуство во подготовка и спроведување на обуки. 

Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат: 

  • Положен правосуден испит; 
  • Работно искуство во граѓански организации (локални или меѓународни), особено во работа со маргинализирани групи и животна средина; 

Постапка за пријавување  

Сите заинтересирани се повикуваат да достават: 

  • Кратка биографија (CV); 
  • Мотивационо писмо; 
  • Други релевантни документи за поддршка на апликацијата. 

Апликациите се доставуваат електорнски на  contact@myla.org.mk најдоцна до 15.11.2025 година до 14:00 часот.  

При доставување на апликациите во насловот да се нагласи: Апликација за проектен/на координатор/ка.  

Постапка за избор на кандидат/ка: 

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа сите навремени и целосни апликации. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Врз основа на резултатите од спроведеното интервју ќе биде избран кандидатот/ката.  

Со избраниот кандидат/ка ќе се склучи договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.  Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. 

Работното место е во седиштето на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас бр.14/1-6, Скопје. 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.