Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ПРАВНА ЕДУКАЦИЈА

Од самото основање на МЗМП, една од клучните активности е обезбедување на правна едукација и обуки на младите правници, како еден од начините на зајакнување на нивните капацитети и практични правни вештини. Денес МЗМП покрај обуки на младите правници, обезбедува соодветни обуки од областа на човекови права на владини институции, судство, општини, правници, граѓански организации, како и на самите граѓани.

 

Програмата за правна едукација на МЗМП се стреми кон подготовка на стратегија и формирање на модули кои се однесуваат на заштита на човековите права и остварување на принципот на владеење на правото, како и создавање на системски пристап кон организирање на настани. Со ова дополнително се унапредува квалитетот на активностите на МЗМП за правна едукација кои ќе им помогнат на нашите корисници да го стекнат потребното знаење и да се здобијат со бараните практични вештини.

 

Практикантска програма

 

Програма за практикантска работа 2015-2017

 

Почнувајќи од март 2015 година МЗМП започнува со спроведување на Програма за практикантска работа. Програмата за практикантска работа имаше за цел зајакнување на капацитетите на младите правници и  создавање на кадар на правници оспособени да го предизвикуваат правниот систем и да градат пракса за заштита на човековите права и на основните демократски вредности загарантирани со Уставот на РСМ.

 

Програмата за практикантска работа вклучуваше:

 

– Основни и напредни обуки во областа на човекови права

 

– Двомесечна практична работа

 

Во периодот од 2015-2017 година, 392 млади правници успешно ја завршија Програмата за практикантска работа и имаа можност да стекнат практично правно искуство преку двомесечната практична работа во 23 правосудни институции, 19 адвокатски канцеларии и 5 професионални здруженија. Програмата се спроведуваше во 13 градови во нашата држава:  Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Стумица, Штип и Делчево.

 

Во овој период беа спроведени 28 основни и напредни обуки за човекови права за младите правници.

 

 

 

 

Во овој период, Програмата за практикантска работа се спроведуваше во рамки на проектот на УСАИД за заштита на човековите права.

Програма за практикантска работа 2018 – 2025

 

Програмата за практикантска работа продолжи да се спроведува од октомври 2018 година до јуни 2021 година и потоа повторно во период од октомври 2022 година до декември 2024 година.

Програмата за практикантска работа опфаќaше:

1. Тримесечна практична работа

2. Обуки на теми:

· Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија

· Вештини за барање на работа во правната професија

· Сензибилизација .

 

Целта на Програмата е зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници преку подобрување на нивните прачтични правни вештини, вештини за наоѓање на работа во правната професија по нивното дипломирање, подобрување на знаењето за основните етички вредности на правната професија, и нивна сензибилизација за правните потреби на најмаргинализираните групи во општеството.

 

Во периодот октомври 2018 – декември 2024 година, 693 млади правници успешно ја спроведоа Програмата за практикантска работа и го стекнаа своето практично правно искуство преку тримесечна практична работа. Програмата се спроведуваше во 30 aдвокатски канцеларии, 6 граќански организации 5 основни судови, 1 апелационен суд, Управен суд на РСМ, Уставен суд на РСМ, Комисија за спречување и заштита од дискриминација, 3 канцеларии на Народниот правобранител, Министерство за животна средина и просторно планирање. Програмата се спроведува во 8 градови во нашата држава.

 

Програмата за практикантска работа, се спроведуваше со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.