Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е професионална, непрофитна и независна организација која повеќе од две децении ја унапредува правдата, владеењето на правото и заштитата на човековите права во Северна Македонија. Основано во 2003 година од група млади правници, МЗМП денес претставува водечки актер во областа на правото во јавен интерес, со препознаена експертиза во правна помош, стратешко застапување и креирање јавни политики. Во својата работа, организацијата се води од принципите на достоинство, професионализам, одговорност, иновативност и одржливост, комбинирајќи практична правна поддршка со истражување, образование и јавни иницијативи.