Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

     

Правен фокус — Јавен повик VII
Рок за поднесување концепт: 10 јуни 2026  ·  Само 12 статии
MYLA и Kingdom of the Netherlands логоа
Јавниот повик е отворен

Меѓу човекот и технологијата: новите граници на правото

Светот веќе не го обликуваат само закони — туку алгоритми, податоци и платформи.
Прашањето е: каде е правото во сето тоа?

Претходни изданија →
VII
издание на
Правен фокус
од 2020
година на
издавање
6
претходни
изданија
69
објавени стручни
статии досега

Меѓу човекот и технологијата

Правото се менува побрзо од законите што го регулираат. Избери прашање што заслужува подобар одговор.

Вештачка интелигенција и право
регулација · одговорност · алгоритамски одлуки
Приватност и заштита на податоци
GDPR · следење · информациска самодетерминација
Сајбер безбедност и право
сајбер криминал · критична инфраструктура · одговорност
Говор на омраза онлајн
платформска одговорност · DSA · слобода на изразување
Дигитални права на ранливи групи
дигитална поделба · деца · ранливи групи
Дигитални докази во судска постапка
електронски траги · автентичност · кривична постапка
Дигитално родово засновано насилство
онлајн вознемирување · deepfake · правна заштита
Масовен надзор и човекови права
државен надзор · биометрика · право на приватност

Овие теми се почетна точка, не ограничување — слободно опфати и други поврзани теми.

Како да го напишеш концептот?

Пред да аплицираш, провери ги техничките барања за концептот.

Јазик — македонски јазик
Должина — до 400 зборови (фуснотите не се вклучени)
Тема — во тематскиот фокус на изданието (дигитални права и нови технологии)
Содржина — јасен и прецизен преглед на темата
Наслов — до 20 зборови, големи букви, без кратенки
Форматирање и формат — Times New Roman 12, проред 1.5 · фусноти: TNR 10, проред 1 · Word документ (.docx)

Чекори за аплицирање

Секој млад правник кој ги исполнува утврдените критериуми може да аплицира најдоцна до 10.06.2026.

1
Подготви концепт
Кратка идеја (до 400 зборови) што објаснува што сакаш да истражиш и зошто е важно.
Word документ
2
Пополни го онлајн формуларот
Пополни ги податоците и прикачи CV.
Кликни тука →
3
Испрати го концептот по е-пошта
Концептот со опис и идеја за статија испрати го на:
ashumkoska@myla.org.mk
4
Оценување
Стручна комисија ги евалуира концептите. Избраните кандидати ќе бидат известени.
5
Обука и пишување
Дводневна обука за академско пишување, потоа изработка на финалната статија.

Исплата

Платено пишување со менторство и објавување.

Надомест за објавена статија
хонорар по договор за авторско дело
Вкупно бруто 12.000 ден.

Кој може да аплицира?

Овој повик е наменет за млади правници кои сакаат да истражуваат и пишуваат за човекови права во дигиталниот контекст.

си дипломиран/а правник/чка до 35 години
имаш интерес за човекови права
не си учествувал/а во шестото издание на списанието
немаш повеќе од 2 претходно објавени статии во списанието
можеш да присуствуваш на дводневна обука за академско пишување
си подготвен/а да презентираш на настан по објавувањето

Не бараме готови одговори.
Бараме добро поставени аргументи.

Повикот е отворен до 10 јуни 2026

Имаш тема што вреди да се напише?

Поднеси концепт и развиј ја во стручна статија.

Ќе бидат избрани само 12 статии.

Поднеси концепт →
Прашања? Контактирај нè:
ashumkoska@myla.org.mk · 072 223 963

Проектот „Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.