ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТИ, ЕКСПЕРТИ И СОРАБОТНИЦИ ЗА МЗМП ВО 2025-2028 ГОДИНА
За МЗМП
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е невладина, непрофитна и неполитичка професионална организација на правници формирана во декември 2003 година, со цел да го зајакне придонесот на младите адвокати во унапредување на адвокатската професија и исполнување на принципот на владеењето на закон.
МЗМП има за цел да обезбеди законот во Северна Македонија да се применува еднакво за сите, да служи на јавниот интерес и да биде усогласен со меѓународните и стандардите на ЕУ. За да го постигне ова, МЗМП обезбедува правна помош за сиромашните и маргинализираните, води судски постапки од јавен интерес, ги поттикнува и поддржува промените во политиките и ги гради капацитетите на државните институции, ГО, правните професионалци и поединци.
МЗМП има три стратешки цели (приоритети):
1. Унапредување на пристапот до правдата, владеењето на правото и заштитата на човековите права за најранливите групи;
2. Подобрување на квалитетот на законодавството и услугите за граѓаните и поддршка при спроведувањето и усогласувањето на националните политики со меѓународните и ЕУ стандардите
3. Зголемување на стручноста и интегритетот на младите адвокати;
Целните групи на МЗМП се: луѓе кои живеат во сиромаштија, лица без државјанство, жртви на повреди на човековите права, дискриминација и насилни кривични дела, деца, жени, баратели на азил, мигранти, затвореници и други маргинализирани групи.
Делокруг на работа на МЗМП
МЗМП е активна во повеќе области и се стреми да обезбеди заштита на човековите права, подобрување и унапредување на постоечките воспоставени процедури и унапредување на владеењето на правото во РС Македонија. Областите на делување ги опфаќаат управните постапки, правосудството, животната средина, меѓународната заштита и миграциите, бездржавјанството, социјалните политики, спречување на радикализација и тероризам, феноментот на трговија со луѓе, ресоцијализацијата, рехабилитацијата и реинтеграцијата во опшеството, заштитата на личните податоци и безбеднота на интернет, работа со младите, правда за деца, работа со локалната заедница, работа со образовните институции, работа со државните институции, и слично.
Цели и задачи на ангажманот
За остварување на своите цели и задачи како и спроведување на проектни активности,МЗМП има потреба од повремено вклучување и ангажирање на експерти, консултанти и надворешни соработниции од различен профил за спроведување на специфични активности и задачи. Преку овој јавен повик, МЗМП ќе воспостави база на консултанти и сорабтници со екпретиза по области кои, по потреба или времено ќе бидат ангажирани.
Работа и задачи за кои се потребни експерти, соработници и надворешни консултанти од делокругот на работа на МЗМП:
- Истражувања;
- Изработка на анализи;
- Изработка на извештаи
- Држење на обуки/предавања; од делокругот на работа на МЗМП
- Подготовка на методологии за извештаи, анализи, евалуации
- Модерирање на настани ( конференции, работилниции и слично)
- Фасилитирање на работни групи
- Правна помош и застапување
- Психосоцијална помош и поддршка
Теми и области за експерти, соработници и надворешни консултанти:
- Бесплатна правна помош
- Правосудство
- Управни постапки
- Азил, миграции и бездржавјанство
- Превенција од радикализација, насилен екстремизам и тероризам
- Ресоцијалзиација, рехабилитација и реинтеграција во заедницата
- Животна средина
- Заштита на лични податоци и безбедност на интернет
- Жртви на насилство и кривични дела
- Ранливи категории на луѓе
- Пристап до права и услуги и правда за деца
- Развој и зајакнување на граѓанско општество
Профил на експерти, соработници и надворешни консултанти
Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните општи услови:
- Универзитетско образование.
- Најмалку 5 години работно искуство во предметните области
- Искуство во истражување , изготвување на анализи и извештаи
- Искуство во одржување на обуки
- Искуство во изработка на методологии за извештаи, анализи и евалуации
- Познавање на националниот и/или регионалниот контекст од темата/областа
- Познавање на применливите прописи и политики од областа
- Познавање на англиски јазик
Дополнителни услови кои треба да ги исполнуваат, зависно од избраните задачи и ангажман се:
- Искуство во истражување , изготвување на анализи и извештаи
- Искуство во одржување на обуки
- Искуство во изработка на методологии за извештаи, анализи и евалуации
- Искуство во давање правна помош и застапување
- Искуство во давање психо-социјална помош и поддршка
- Искуство во модерирање настани/фасилитирање на работни групи и т.н.
За адвокати кои аплицираат за работа со деца: дополнително да поседуваат и приложат сертификат за работа и постапување со деца
Заинтересираните треба да достават CV и пропратно писмо (cover letter) на следниот маил: contact@myla.org.mk. На насловот да се стави нагласи: Пријава за (да се наведува за што )_областа( да се наведува за која тема – област се пријавува). Секој кандидат треба да наведе за која област/тема аплицира, за што конкретно се однесува неговата апликација и да достави примероци од неговата/нејзината работа. Еден кандидат може да наведе најмногу 3 области. Избраните кандидати ќе бидат известени по електронски пат и ќе бидат ставени на листата на соработници на МЗМП до крајот на 2028 година.
По потреба и зависно од динамиката на работите, МЗМП ќе комуницира со поединечен аппликат кој е ставен на листата на соработници за неговиот/нејзиниот ангажман, обврските, очекувањата и финасиската понуда согласно интерните правила и/или правилата на донаторот. Изборот на кандидатот и вклучување во списокот на соработници не гарантира ангажман и не предизвикува правни, деловни и/или финансиски обврски на нарачателот. МЗМП го задржува правото за изборот на соработникот од листата , согласно потребите на организацијата , квалификациите, експертизата, претходното искуство, и слично. Надоместокот ќе се определи според интерните правила и достапноста на буџетот во моментот на ангажманот.
Критериум за избор
При изборот на на кандидатите ќе се земат во предвид следните параметри:
- Претходно искуство и експертиза во областа/темата – 70 поени
- Изработени продукти/ангажмани/работа – 30 поени
Рок на поднесување на апликации
Заинтересирантие лица може да поднесат аплиакција до 17 Април 2025 година.
Нарачателот ќе ги извести и стапи во комуникација само со кандидатите кои ќе бидат избрани и ставени на листата на соработници.
Ве молиме без телефонски јавувања.