Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Права на децата

Македонското здружение на млади правници работи на подобрување на системот за заштита на правата на децата. И покрај напорите на државата да ги регулира и да се залага за доследно почитување и остварување на правата на децата, постојат прекршувања кои значително ги засегаат правата на децата; непочитување на најдобриот интерес на детето, како и недоволна заштита од прекршувања во семејството, градинките, образовните институции и установите за згрижување деца.

Нашите активности:

 

Бесплатна правна помош за деца

 

Заштитата на правата на децата може да се спроведе со поведување две постапки: граѓанска и кривична постапка. Во соработка со СОС Детско Село (СОС Детско село) формиравме служба за заштита на жртви на насилни кривични дела насочени кон деца, стари лица, жени и лица со попреченост. Службата за заштита на жртви на насилни кривични дела обезбедува услуги за правна, психолошка и социјална поддршка на жртвите на насилни кривични дела.

Истражување и политики

 

МЗМП ги идентификува клучните проблеми и предизвици поврзани со системот за социјална заштита преку анализи и доставени коментари за предложените законски измени за создавање поефективна легислатива која ќе ги штити правата на децата. Препознавајќи ги добрите практики на другите земји, даваме препораки за подобрување на законодавната рамка во оваа област. Како дел од работните групи во Собранието на Република Северна Македонија за изменување и дополнување на постојната законска регулатива со која се подобрува положбата и заштитата и се постигнува поефикасна и сеопфатна заштита на правата и интересите на децата, МЗМП придонесува со доставување коментари за предложената легислатива. Списокот на примарни и подзаконски акти каде МЗМП има дадено придонес може да се пристапи овде.

Правна едукација

 

Гледано низ призмата на лицата кои имаат улога во обезбедувањето заштита и зачувување на остварувањето на правата на децата во оние ситуации каде што се прекршени нивните права, МЗМП има развиено наставна програма за обука за неопходните мерки и вештини поврзани со интервјуирање на деца жртви и/ или сведоци во кривична и граѓанска постапка, која е одобрена и вградена во наставната програма на Академијата за судии и јавни обвинители.