Јавен повик за креирање на 5 едукативни видеа за потребите на Агенцијата за заштита на личните податоци
Македонското здружение на млади правници – МЗМП Скопје за потребите од спроведување на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот”, финансиски поддржан од Европската унија, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за креирање на 5 едукативни видеа за потребите на Агенцијата за заштита на личните податоци
Целиот повик, како и прилогот за финансиска понуда можете да ги најдете на следниот линк: Јавен повик- едукативни видеа
Понудите можат да се доставуваат електронски, на е-маил адресата: contact@myla.org.mk најдоцна до 22.01.2025 година, а насловот на пораката треба да биде „Понуда за едукативни видеа“.
Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на contact@myla.org.mk најдоцна до 21.01.2025.