МЗМП дел од работна група за подготовка на предлог текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација
На покана на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Македонското здружение на млади правници- МЗМП, од септември, 2016 година учествува во работната група за подготовка на предлог текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Здружението најпрво достави предлог измени на законот согласно досегашнато искуство во примената на законот, за потоа преку претставник МЗМП активно да се вклучи во изготвување на предлог текстот на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како дел од потесната и пошироката група за изготвување на предлог закон.
Предлозите на Македонското здружение на млади правници за измена на овој закон се одраз на долгогодишното искуство во работењето и имплементацијата на законот во пракса, како и водењето на многубројни постапки пред надлежните органи.
Движечки мотив на МЗМП е дека соодветната заштита на жртвите од дискриминација е императив во градењето демократско општество.