Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Интерсекциска дискриминација врз работничка поради подложување на ин витро оплодување

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род и планирана бременост во областа на работата и работните односи, извршена од страна на приватна фирма со седиште во Скопје. Интерсекциската дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

КСЗД постапуваше по претставка поднесена од страна на Македонското здружение на млади правници поради сторување на дискриминација по основ на пол, род и личен статус – бременост во областа на работните односи.  Имено, подносителката работела на работно место “продавач” во правното лице од 2022 година. Иако работела и уредно ги извршувала работните задачи, никогаш не добила договор за вработување и не била информирана дали е вработена на определено или неопределено време.

Додека користела годишен одмор, подносителката го информирала работодавецот за започнувањето на ин-витро процедура (биомедицинско потпомогнато оплодување) и плановите за бременост. По извршената инвитро интервенција, сопругот на подносителка со целосната здравствена документација се упатил кон матичниот лекар за отворање на боледување, при што бил известен дека неговата сопруга нема здравствено осигурување и не може да отвори боледување.

Работодавачот ја одјавил подносителката од Агенцијата за вработување на РСМ 6 дена ретроактивно, на денот кога дознал за нејзината ин-витро процедура. Ова дејствие резултирало со престанок на здравственото осигурување, поради што подносителката морала сама да ја покрие целосната цена на ин-витро процедурата.

Потенцираме дека работодавачот ја отпушта подносителката во моментот кога целосно е информиран и запознаен со нејзината намера за основање семејство. Кај работодавачот немало намален обем на работа, а нејзниото работно место било веднаш пополнето. Во фирмата не постоел доказ за намален обем на работа, а нејзиното работно место било пополнето.

Од постапувањето на работодавачот може да се заклучи дека единствена причина поради што е одјавена од АВРСМ е започнување на ИНВИТРО постапка, која потенцијално би довела до користење на права за време на бременост, раѓање и родителство. Иако подносителката не била бремена во моментот на отпуштањето, самата ин-витро процедура и плановите за бременост треба да се земат предвид како дел од оваа заштита.

МЗМП во претставката ги истакна следните факти:

  • Подносителката била совесен работник и во текот на постапката ги извршувала своите работни задачи
  • Не постои доказ за намален обем на работа, а нејзиното работно место во правното лице е пополнето
  • Работодавачот свесно и тенденциозно ја одјавил од работа, користејќи ја можноста за ретроактивна одјава за да не се поклопат денот на започнување на боледувањето и денот на одјава од работниот однос
  • Државниот инспекторат за труд утврдил повреда на забрана на дискриминација
  • Со одјавувањето од АВРСМ, Татјана претрпела штета поради престанок на здравственото осигурување, на начин што:
    • Ин-витро процедурата за БПО не можела да ја искористи на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување поради престанок на работниот однос.  Како резултат на неможноста за користење на правата од здравствена заштита и осигурување, Татјана била приморана БПО да го плати приватно.
    • Неможност за користење боледување, породилно отсуство и други права од работен однос.
    • Неможност за користење на правата по основ на патолошка бременост бидејќи одреден период имала високоризична бременост.

Приватната фирма истакнала дека вработената не доаѓала на работа три последователни денови, а  работниот однос и бил прекинат поради прекршување на работниот ред и дисциплина, а согласно Законот за работните односи. Исто така, работодавачот истакнал дека на вработената и издале Решение и Одлука за престанок на работниот однос кои и ги оставиле на бирото во нејзината канцеларија.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во донесеното мислење го истакнува следното:

КСЗД констатира дека без разлика што работодавачот никогаш не и доставил на подносителката договор за вработување и таа не била известена за природата на работниот однос, сепак заштитата од дискриманција ја опфаќа ситуацијата на подносителката. За КСЗД е неспорно дека се работи за работен однос на неопределено време. Несаканиот третман кон работничките (поврзан со планирана бременост) често се поврзува со стереотипите и претпоставките врзани за нивните работни способности и посветеност на работата, можното отсуство од работното место итн. Одлуките кои работодавачот ги донесува, а се базираат на наведените претпоставки се незаконски без разлика дали се донесени “несвесно” или со верување на работодавачот дека постапува во најдобар интерес на вработената. Екстремен случај на ваквото постапување е токму откажување на договор за вработување.

Имено, работодавачот бил известен за процедурата низ која поминувала подносителката, за датумот на ембриотрансферот, за потребата од мирување по процедурата, за што и подносителата најавила дека ќе користи боледување. Оттука се заклучува дека работодавецот знаел не само за моменталната состојба, туку и за евентуална бременост што би настанала по процедурата на биомедицинско потпомогнато оплодување. Земањето на слободни денови со цел инвитро третмани и процедура, самото по себе укажува на намерата на работничката да забремени. Работодавачот и изрекол отказ и ја одјавил додека таа била на одмор. Фактот дека работодавачот ја одјавил подносителката непосредно пред ембриотрансферот јасно укажува на тенденцијата на работодавачот.

Понатаму КСЗД утврдува дека во одлуката за изрекување на отказ на договорот поради кршење на работниот ред и дисциплина е наведена правна поука, со која на подносителката формално и е дадена можност за приговор. Меѓутоа работодавачот не чекал да помине рокот за приговор и веднаш ја однавил од социјално осигурување. Дотолку повеќе, во поднесокот за произнесување работодавачот навел дека одлуката и решение за отказ и биле оставени на подносителката на бирото во работната просторија. Оттука се заклучува дека тие биле доставени на нејзиното биро кога таа користела денови од годишен одмор и воошто не се осигурувал истите прописно да се достават до подносителката.

Дополнително, контрадикторни се наводите на дискрминаторот со кои тврди дека поранешната вработена ќе ја тужи за изгубена добивка, а токму фактот што “имало потребa” oд продавач, укажува на тоа дека причината за отказот е планиранта бремност на подносителната и евентуални права кои би произлегле од состојба на бременост, раѓање и мајчиноство, однсоно потенцијалното отсуство на подносителката од работното место во идинина. Наведените околности упатуваат на став дека  вистинската причина за отказот не е поради член 82 од Законот за работните односи, туку состојбата на подносителката.

КСЗД од наводите истакнати во претставката и доказите приложени кон истата, констатирал дека фактичката комбинација на отказот како понеповолно постапување и подложувањето на подносителната на биомедициско потпомогнато оплодување го воспоставуваат товарот на докажување цврсто на страната на посочениот дискиминатор. Согласно правилата на докажување во постапката за заштита од дискриминација, КСЗД констатирала дека посочениот дискриминатор не ги побил претпоставките за дискриминација. Имајќи ги предвид доказите доставени од страна на работодавачот, се заклучува дека истите не докжале дека отпуштањето на подносителката е оправдано, прописно и засновано на различни околности од состојбата на подносителката. Изјави кои не можат да се проверат во врска со причините зошто посочениот дискримантор не постапил како што постапил, не се доволни.

Дополнително, КСЗД утврдила дека кон подносителката освен што била нанесена примарна повреда или штета – престанок на работниот однос, истата довела и до посредни штети како: губење на здравственото осигиурување, што довело до неможност да користи боледување, кое воедно имлицирало финансиски (била спречена БПО процедурата да ја користи на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување) и здравствени реперкусии. Под претпоставка подносителката да не доживела спонтан абортус, во наредниот период ќе била спречена да ги користи правата кои произлегуваат од бременоста, рагаѓањето и мајчинството, кое е исто така причинско – последично поврзано со постапувањето на работодавачот. Оттука се истакнува дека дискриминаторсто постапување има антиципативен елемент односно опфаќа и дејствија кои под одредени околности би се случиле во индина. КСЗД констатира дека штетните последици се резултат на неповолното постапување на работодавачот, токму поврзано со состојбата на подносителката.

Како дискримнаторска основа, КСЗД ја поставува пол, род и планирана бременост, бидејќи подносителката се соочила со неповолен третман што резултирал со отказ, како резултат на подложување на биомедициско потпомогнато оплодување или ин витро третман, кој укажува на интенцијата за бремоност. Истото е поврзано со полот и родот на работничката, пред се бидејќи е поврзано репродуктивната карактеристика на работничката и се смета за родово заснована дискриминација. Имајќи предвид дека во моментот на престанокот на работниот однос подносителката сеуште не била бремена, односно не е извршен ембриотрасферот, а сепак е поврзано со идна таква состојба, Комисијата смета дека планираната бременост како основ за дискриминација најсоодветно ја опишува заштитната карактеристика на подносителката. Во случајот, утврдените дискриминаторски основи се неразделно поврзани, и тоа полот и родот на подносителката од една, и подложување на БПО која ја сочинува планирата бременост од друга страна и доколку егзистираат одвоено не би ја доловиле состојбата на подностителката. Поради тоа КСЗД констатира дека станува збор за интерсекциска дискриминација, како потежок облик на дискриминација.

Од аспект на елементите за дискриминација, Комисијата потенцира дека за оние случаи кои се поврзани со ин витро оплодување не е потребен компаратор, преку кој би се докажала споредлива ситуација.

На овој начин се исполнети одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација за директна, интерсекциска дискриминација врз основа на род, пол и планирана бременост, во областа на работата и работните односи. Исто така КСЗД, се повика и на релевантните одредби предвидени во Уставот на РСМ и Законот за работните односи.

КСЗД особено ги зема предвид стандардите кои се однесуваат на заштита на еднаквост, право на работа, планирање на семејство, посебна заштита на мајчинството и бременоста согласно Конвенцијата за заштита на мајчинството на Меѓународната организација на трудот, како и Конвенцијата за еднакви можности и еднаков третман на мажите и жените работници, како и праксата на Европскиот суд за човекови права. 

КСЗД врз основа на наведеното утврди дека приватната фирма сторила директна, интерсекциска дискриминација како потежок облик, врз основа на пол, род и планирана бременост кон подносителката во областа на работата и работните односи. Врз основа на тоа КСЗД донесе препорака согласно која:

  • Приватната фирма, и одговорните лица во правото лице да и го надоместат на подносителката износот за ин витро процедура, кој била приморена да го надомести од приватни средства, од причина што поради престанокот на работниот однос била спречена да го користи на товар на средствата на Фондот за здравствено осигрурување
  • Да воспостават внатрешна политика преку донесување на внатрешни акти во правото лице во насока на еднаков третман на работничките и заштита од дискриминација на работничките кои се бремени, веќе се или планираат да бидат мајки или користат права кои произлегуваат од овие околности.
  • Во иднина да се воздржуваат од практики што продуцираат нееднаков третман и дискриминација на вработените по основ на пол, род, бременост, планирана бременост, родителство или било која друга дискриминаторска основа при остварување на нивните права од работен иднос и да ја почитуваат и применуваат законски загарантираната заштита од дискриминација по основ на бременост, раѓање и мајчиснтво.

Доколку приватната фирма не постапи согласно оваа препорака, КСЗД согласно член 27, став 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постпака пред надлежен суд за прекршоци.

МЗМП нагласува дека оваа пракса е неприфатлива и претставува грубо кршење на основните човекови права, гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за работните односи.

Линк до мислењето од КСЗД –  08-573-од-27.12.24-утврдена-дискриминација.pdf

Лице за контакт: Ангела Силјаноска Шумкоска, ashumkoska@myla.org.mk

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.