Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Соопштение за јавност

 

Во среда, на 21.09.2016 во Kонгресната сала 4 во хотел Александар Палас, Македонското здружение на млади правници ќе одржи конференција на тема “Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес”.

На конференцијата ќе се говори на темите: Справување со миграциските движења во Република Македонија и идни предизвици, меѓународниот одговор во справувањето со миграциските движења во Република Македонија и улогата на граѓанските организации во справувањето со миграциските движења.

На настанот ќе говорат г-дин Мухамад Ариф, претставник на канцеларијата на УНХЦР во Република Македонија, г-дин Оливер Спасовски, Mинистер за внатрешни работи, Г-дин Дејан Ивковски, раководител на Одделление за азил, миграции и хуманитарна помош при Министерство за труд и социјална политика, М-р Сузана Салиу, директор на Центар за управување со кризи и г-ѓа Соња Божиновска Петрушевска, претставник на канцеларијата на ИОМ во Република Македонија; како и г-ѓа Мартина Смилевска Кчева, претседател на Македонско здружение на млади правници и г-дин Владимир Петронијевич, извршен директор на Група 484, Република Србија.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е невладина, непрофитна и непартиска професионална организација на правници, со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија и остварувањето на принципот на владеење на правото.

Во 2010 година, МЗМП ја започнува соработката со Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во обезбедувањето правна заштита и интеграција на бегалците, барателите на азил и лицата без документи, соработка која успешно продолжува и во следните години.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.