
Билтен бр.2 Проект на УСАИД за заштита на човековите права
Македонското здружение на млади правници МЗМП во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права го објавува вториот билтен со коj се споделуваат информации за спроведените активности на проектот како и информации за состојбата со правната заштита на човековите права во РМ.
Во ова издание:
- Продолжуваат обуките и практиканската работа за млади правници;
- Организирани работилници за студенти по право за значењето на правната професија во заштитата на човековите права;
- Воспоставен инструментот за правно зајакнување на граѓански организации;
- Обука за граѓански организации за стратешко застапување во месец август 2015 година;
- Незаконското прислушкување – Повреда на правото на приватност и тајноста на комуникациите;
- Престанок на работен однос на бремена жена со непродолжување на договорот за вработување;
- Стратешко застапување во светот – Obergefell et all v.Hodges.
Со почит,
Проект на УСАИД за заштита на човековите права,
Македонско здружение на млади правници