ОБУКА НА АДВОКАТИ И ПРАВНИЦИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЖРТВИ НА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ
Македонското здружение за млади правници со поддршка и во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира специјализирана обука за правници и адвокати за давање бесплатна правна помош и застапување на жртви на трговијата со луѓе. Обуката во вкупно времетраење од три дена ќе се спроведе во периодот од септември до ноември 2015 година.