Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Годишни консултации на УНХЦР со невладините организации

Годишните консултации на УНХЦР за 2013 година со невладините организации беа оддржани во Женева, Швајцарија во Меѓународниот Конференциски Центар од вторник, 11 јуни до четврток ,13 јуни. МЗМП беше едно од 220 меѓународни и национални здруженија од светот што учествуваше на овој важен настан.

Секоја година, овие консултации се одлична можност за претставниците на невладините кои учествуваат да се запознаат и дискутираат, да разменат искуства, добри практики и да истражат области за подобра соработка, но едновремено и да соработуваат со УНХЦР и нивните влади, со една мисија- подобро да им служат на оние кои имаат потреба од заштита и помош.

Тема оваа година беше “Заедничко застапување за заштита“. Теми за тематски сесии беа: бездржавјанство,  насилство врз основа на сексуалност и род, трајни решенија за внатрешно раселените лица  во променлив  оперативниот контекст, застапување и заштита на децата, преселувањето на бегалците, алтернативи за притвор.

Агендата  на УНХЦР за годишните консултации со невладините организации може да ја најдете тука.

Извештајот на МЗМП за годишните консултации со невладините организации може да го најдете тука.

Информација

Анализата на примената на Законот за бесплатна правна помош за периодот 2010 до 2012 година е резултат на тригодишното следење на примената на Законот кое го спроведе МЗМП во соработка со останатите здруженија од мрежата на здруженија за бесплатна правна помош со поддршка од ФООМ. Анализата ги идентификува и анализира проблемите и предизвиците со кои се соочи примената на Законот и содржи препораки за нивно надминување кои можат да придонесат за олеснување на пристапот до правда за граѓаните.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.