Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Одбележување на денот на бегалците, 20 јуни

Mакедонското здружение на млади правници во соработка со Високиот Комесар за бегалци (УНХЦР) со канцеларија во Скопје, 20 јуни денот на бегалците го одбележа во Прифатниот Центар на баратели на азил со изложба на слики насликани од бегалците со мотиви и бои од нивните земји на потекло.

На настанот со свој говор се обратија Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Претставникот на Високиот Комесар за бегалци, Мохамед Ариф и Директорот на Прифатниот Центар за баратели на азил Страшо Ангеловски.

Овој настан е посветен на подигнување на свеста за ситуацијата на бегалците во светот. За таа цел ве покануваме да испратите своја фотографија поврзана со одбележувањето на овај ден на веб страната на УНХЦР која се однесува на Светскиот ден на бегалците. (http://unhcr.org/1family/)

Ние веќе го направивме тоа!

Одвоjте 1 минута за да кажете некому!

Одвоjте 1 минута за да помогнете на фамилија која е принудена да бега!

 

Заклучоците на Комитетот за елиминација на дискриминација врз жените

Македонското здружение на млади правници неодамна ги доби Заклучоците на Комитетот за елиминација на дискриминација врз жените. По барање на здружението ЕСЕ, кое подготви извештај во сенка во јуни 2012, МЗМП поднесе свои коментари во врска со ситуацијата на жените баратели на азил во Република Македонија.

Она што е важно е дека во поглавјето на „маргинализирани групи жени“ се констатира дека Комитетот е загрижен поради недостатокот на родово сензитивен пристап во процедурите за азил.

Притоа, во препораките, Комитетот ја повикува државата членка да: (г) Интегрирање на сензитивен пристап во сите постапки поврзани со азил и бегалци, вклучително и фазата на аплицирање за азил.

Во документот подолу може да ги најдете Заклучните согледувања на интегрираниот четврти и петти периодичен извештај за Република Македонија, усвоен од Комитетот на својата 54 сесија (11 февруари- 1 мартт 2013 година).

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.