Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Презентација на Македонското Здружение на Млади Правници

Почитувани студенти на Правниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје,

Ни претставува задоволство да ве поканиме на презентацијата на Македонското здружение на млади правници, која ќе се одржи на ден 23.04.2013год. (вторник) во 12 часот, во новите простории на програмата ТЕМПУС (поранешени простории на наставно научен совет) на Правниот факултет  ‘’Јустинијан Први,, Скопје.

Настанот претставува кратка презентација на работата, како и постапката и бенефитите од членувањето во  Македонското здружение на млади правници.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е невладина, непрофитна и непартиска организација основана во 2003 година, со слободно здружување на граѓаните за вршење на дејности за остварување на владеење на правото, зајакнување на придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија преку учество и работа на конкретни активности и проекти.

Со цел да се подигне квалитетот и професионалноста во правната заедница, здружението ги обединува младите правници преку нивна континуирана едукација и насочување, која се спроведува преку различни семинари, конференции и работилници на правни теми кои го засегаат општеството.

 

Ве очекуваме!

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.