Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за учество на онлајн едукативна сесија за правници на тема „Правото на мирен собир во Северна Македонија“

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот „Новите технологии и правото на собир во Северна Македонија“ поддржан од Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), објавува повик за учество на онлајн едукативна сесија на тема „Правото на мирен собир во Северна Македонија“.

Еднодневната едукативна сесија ќе се одржи на 12ти ноември, со почеток од 13:00 – 14:30 часот, на платформата ЗУМ.

Сесијата е наменета за правни професионалци, вклучувајќи и студенти по право и млади правници. За време на сесијата, учесниците ќе се стекнат со знаења за клучните концепти на правото на мирен собир, меѓународната и домашната правна рамка и ќе бидат покриени најпоставуваните прашања на оваа тема.

Сите заинтересирани лица да го пријават своето учество на следниов линк  https://forms.office.com/r/KuLJ4PFd5V  најдоцна до понеделник, 08.11.2021 година. 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.