Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за експертска позиција за подготовка на анализа за родовите аспекти на акцијата за климатски промени

 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климата“ поддржан од the Swedish International Development Cooperation Agency, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје и Македонското здружение на млади правници, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За (1) експертска позиција за подготовка на анализа за родовите аспекти на акцијата за климатски промени

  1. Цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на  учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климата, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Другата посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво емисии на јаглен, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

  1. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден заради подготовка на анализа за родовите аспекти на акцијата за климатски промени.

  1. Опис и работни задачи

Заради исполнување на ангажманот предмет на повикот, експертот треба да ги изврши следните работни задачи:

  • Да подготви методологија за спроведување на истражувањето на родовите аспекти
  • Да ги идентификува родовите аспекти на климатските промени во државата;
  • Да оствари средби со релевантни чинители (државни институции, НВО, месни заедници и други), за идентификување на предизвиците со кои жените се соочуваат;
  • Да подготви анализа и препораки врз основа на кои ќе се создадат услови за вклучување на жените во активностите за климатски промени
  1. Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование од областа на општествените науки;
  • Најмалку 2 (две) години работа на родови прашања;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници; програми и слично.
  1. Временска рамка и надомест

Временската рамка за подготовка на анализата е заклучно со 20ти октомври 2021 година. Надоместот се определува согласно доставени финансиски понуди, најмногу до вкупен бруто износ од 3000 евра во денарска противвредност.

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија (CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход), со прилог примерок или активен линк од документите наведени во точка 4 од овој јавен повик во чија подготовка учествувал. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk, со назнака – Апликација за експерт за анализа за родови аспекти.

  1. Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Целосно исполнување на критериумите од точка 4 од овој оглас – 70 бодови
  • Понудена цена за активноста – 30 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

Рокот за аплицирање е заклучно со 24.09.2021 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, e-mail: jarangelovik@myla.org.mk

 

 

 

Преземете го повикот на следниот линк: Оглас за експерт за родови прашања-МЗМП

 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.