Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Oбука за човекови права за младите правници дел од практикантската програма на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права

Минатиов викенд се одржа обука за млади правници во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права која ја проследија правниците кои се дел од програмата за практикантска работа на проектот.

dscn0848

Еден од предавачите, адвокатката Софија Бојковска ги запозна учесниците со основните елементи (принципи) на концептот на човековите права и одржа практични вежби. За ова искуство и важноста на ваквите обуки, таа вели:

„Обуката е од огромна важност за младите правници кои имаа можност да се обучат за човековите права, за ЕКЧП и за постапката пред судот во Стразбур. Во текот на студирањето на било кој правен факултет во нашата држава, малку се посветува внимание на изучувањето на концептот на човековите права и нивната заштита, и речиси воопшто не се обрнува внимание на начинот на кој се пополнува апликација, начинот на кој се пребаруваат случаи од ЕСЧП, повикување на case-law итн. Покрај теоретската наобразба, младите правници  имаа можност да научат повеќе за ЕКЧП и постапката пред Судот во Стразбур преку практични вежби и симулација на судење , што е ислучително важно за секој млад правник.”

Сесијата посветена на Европската конвенција за човекови права (EKЧП) ја водеше адвокатката Бисера Митиќ. Таа, заедно со стручната соработничка Христина Гугоска направија преглед на постапката пред Европскиот суд за човекови права и претставија случај за симулација на судење – СЛУЧАЈ v. Р. Македонија. За тоа што значи ваквата обука за еден млад правник или студент по право, Митиќ изјави:

“Обуката претставува еден од начините на доближување на оваа значајна материја до правниците и во огромна мера придонесува не само за теоретско, туку и практично правно “описменување” на младите правници за суштината на човековите права, начините и механизмите за нивна заштита, а со цел да во иднина се изградат во квалитетен кадар кој на соодветен начин ќе пружа правна помош на потенцијални жртви чии права и слободи се прекршени и/или загрозени.

За мене како обучувач, ова е можност да го пренесам своето знаење и досегашно искуство, особено од практична гледна точка, преку практични примери за на полесен начин им биде доближена оваа материја на самите студенти, бидејќи сметам дека преку примери (позитивни и негативни) најдобро се учи и се сфаќа суштината на тоа што значи заштита на едно човеково право.”

15127502_10154863078131042_640314787_oВо следните две сесии проф. Мирјана Најческа ги запозна младите правници и студенти за најчестите повреди на човековите праваутврдени од ЕСЧП, како и за препораките од ЕСЧП и постапките во РМ врз основа на дадените препораки. Понатаму во обуката адвокатот Благоја Пандовски презентираше практични примери за правната сигурност и владеењето на правото и ги водеше низ процесот на подготовка на  успешна апликација до ЕСЧП (Фактичка состојба, утврдување примена на право врз факти, HUDOC и повикување на case-law на ЕСЧП).

Во овој циклус на практиканската програма се вклучени 30 млади правници кои што ја обавуваат практиканската работа во седум градови во Република Македонија. Правниците ја остваруваат практикантската работа во следниве институции: Основниот суд Скопје 1, Основниот суд Скопје 2, Основните судови во Битола, Штип, Тетово, Струга и Гостивар, Управниот суд на РМ, Врховниот суд на РМ, Канцелариите на Народниот правобранител на РМ, Комисијата за заштита од дискриминација во Скопје, Здружение на судии на Република Македонија, како и во адвокатски канцеларии.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.