Оглас за прибирање на понуди за набавка на патничко моторно возило
Македонското здружение на млади правници го објавува следниов оглас за прибирање на понуди за набавка на патничко моторно возило.
Рок за доставување на понудите е 15 декември 2020 година до 16:00 часот.
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи архивскиот број,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нивната содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни
Краен рок и место за поднесување на понудите
Краен рок за поднесување на понудите е 15.12.2020 година во 16 часот. Понудите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната евалуација.
Понудата да гласи на име Софија Бојковска.
Понудите се поднесуваат на следнава адреса ул.Донбас 14-1/6, Скопје.
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач кој ќе понуди најниска цена а чија понуда е оценета како прифатлива.
Информацијата за понудувачите како и формуларот за доставување на понуда може да ги најдете на следниов линк
Лице за контакт од МЗМП – Бедрија Колашинац 02 3220 870