
Добитници на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година
Македонското здружение на млади правници во соработка со ЗНМ и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР информира дека добитници на награди на „Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година” се:
– Во категорија напис или серија написи:
Наградата припадна на Менче Атанасова Точи за написот под наслов „Починатите бегалци и мигранти во „дупката“ на институциналната негрижа “, медиум на објавување: НОВА ТВ
– Во категоријата емисија, прилог или краток документарец:
Доделени се две награди едната награда припадна на Ѓорѓи Личовски за прилогот под наслов „Mother Lenche with illegal migrants full edit Georgi Licovski North Macedonia “, медиум на објавување: агенција EFE, другата награда припадна на Еви Шкопи за прилогот под наслов „90 годишната Сафије Пајазити е една од многуте лица кои немаат лични исправи “, медиум на објавување: ТВ АлсатМ.
Голема благодарност до сите новинари кои аплицираа на објавениот повик и Ве охрабруваме да продолжите со својата успешна работа.
Целосната објава може да ја преземете на: Добитници на награди за професионално известување