
ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТИ- Приватност и заштита на лични податоци на интернет и Комуникациски стратегии и водење на дигитални кампањи
Проект: Приватноста на прво место: Зајакнување на свесноста, застапувањето и дигиталните права помеѓу младите во Северна Македонија
Траење: 10 месеци (15 јули 2023 – 15 мај 2024)
Организација која го спроведува проектот: Македонско здружение на млади правници (МЗМП)
Општа цел: Зајакнување на капацитетите на младите активисти кои работат на локално и национално ниво за обезбедување на поддршка на нивните врсници во случаи на повреди на
приватноста на интернет и сензибилизација на заедниците по ова прашање.
Кого бараме?
Бараме високо квалификувани и мотивирани професионалци посветени на унапредување на свеста за приватноста на интернет и дигиталните права кај младите.
Апликациите се отворени до: 25-ти октомври, 2023 (среда) 29 октомври 2023 (недела)
Целиот oглас погледнете го/преземете го на линкот подолу: