Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
MZMP MYLA

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЕДНА ЕКСПЕРТСКА ПОЗИЦИЈА ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОДЕНСОК/ПОДНЕСОЦИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна професионална организација основана во 2003 година, која обезбедува правна помош и стратешки застапува за заштита на човековите права. Со знаењето и иновативните капацитети на младите правници, МЗМП се стреми за промоција и унапредување на принципот на владеење на правото и влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи.

1. Образложение

МЗМП се стреми кон градење на општество во кое владеењето на правото е воспоставено со посебен фокус на извршувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човековите права.

2. Опис и работни задачи

  • Идентификување на системски проблеми при извршувањето на определени пресуди на ЕСЧП кои се однесуваат на РСМ
  • Анализа на предизвиците при извршување на пресудите на ЕСЧП
  • Подготовка на план за состав на поднесоци
  • Подготовка на поднесок/поднесоци согласно Правилото број 9 од Правилата на Комитетот на министри за надзор на извршувањето на пресудите и пријателските спогодби, во однос на следењето на општите и посебни мерки за спроведување на на определени пресуди донесени од страна на ЕСЧП против Република Северна Македонија.

3. Квалификации

  • Високо образование од областа на правните науки;
  • Работно искуство на заштита на човековите права, најмалку 6 (шест) години;
  • Напредно познавање на Европската конвенција за заштита на човековите права;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • Искуство во подготовка на документи, анализи и истражувања.  

4. Временска рамка и надомест

Временската рамка за подготовка поднесокот/поднесоците е заклучно со октомври 2023 година.

Надоместокот, ќе биде определен по доставување на финансиска понуда од страна на експертите.  Понудата потребно е да биде единечна од чинење на еден поднесок согласно Правилото број 9 од Правилата на Комитетот на министри за надзор на извршувањето на пресудите и пријателските спогодби.

5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход),  со прилог примерок или активен линк од подготвени анализи, истражувања, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта contact@myla.org.mk, со назнака – Апликација за експерт за подготовка на поднесоци за извршување на пресуди на европскиот суд за човекови права

6. Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Целосно исполнување на критериумите од точка 4 од овој оглас – 70 бода
  • Понуден надомест за активноста – 30 бода
  • Вкупно 100 бода

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

Рокот за аплицирање е заклучно со 28.05.2023 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, e-mail: jarangelovik@myla.org.mk

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.