Барање за доставување на понуда за изработка на комуникациска стратегија на проект и спроведување на комуникациски активности
1). Информации за проектот
Проектот „Инклузија на странците во Западен Балкан – пристап до социјални и економски права (ФОСТЕР)“, поддржан од Европската Унија, е изработен од 7 граѓански организации кои се членки на Балканскиот совет за бегалци и миграција (BRMC) и Данскиот совет за бегалци (ДРЦ) за да се справат со заедничките предизвици поврзани со миграцијата во регионот на Западен Балкан, со фокус на основните човекови права на ранливи групи на мигрантите и странците а особено нивниот пристап до социјалните и економските права.
Проектот ќе ги зајакне капацитетите на ГО и независните тела за човекови права да придонесат за релевантно креирање политики, како и промоција и заштита на основните човекови права на странците и нивно вклучување во одржливиот социјален и економски развој на регионот на ЗБ.
Проектот е насочен кон зајакнување на регионалната мрежа на граѓански организации и нивната соработка со независните институции, да ги промовира и зајакне заштитата на човековите права, истовремено поттикнувајќи го развојот на политики и практики кои имаат намера да обезбедат пристап до социјалните и економските права на ранливите странци во земјите на Западен Балкан.
Главната цел на проектот е усогласување со принципите на ЕУ за човекови права преку развој на инклузивни и недискриминаторски политики и ефективни практики за вклучување за ранливите категории странци како предуслов за успешен процес на приближување кон ЕУ и одржлив развој на Западен Балкан.
Крајни корисници: ранливи странци во земјите од Западен Балкан (регуларни и нерегуларни мигранти, бегалци, жртви на различни кривични дела); релевантни владини институции и организации, судови, медиуми, академската заедница и граѓаните на Западен Балкан.
Носител: Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Северна Македонија
Партнери: Група 484, Србија, Белградски центар за човекови права, Србија, Албански хелсиншки комитет, Албанија, Правен Центар, Црна Гора, Ваша Права, Босна и Херцеговина, Програма за граѓански права, Косово и Дански совет за бегалци
Период на имплементација: 42 месеци
Начелни проектни активности: 2 регионални обуки за обучувачи; 6 национални тренинзи; 6 национални работилници; 6 регионални работилници; субгрантирање на до 24 национални проекти; субгрантирање на до 6 регионални проекти; изработка на 6 анализи за политики и правната рамка; 6 национални мониторинг извештаи; 1 компаративен регионален документ за политики; процена на капацитетите на НВО за работа во однос на пристап до економски и социјални права на странци; воспоставување на 6 неформални мрежи на НВО за мониторинг активности; изработка регионален онлајн ресурсен центар; кампања на социјални медиуми (повремено споделување порака; статистики; инфографици; информации за проектните активности, и слично).
2). Опис на услугата
- Изработка на комуникациска стратегија на проектот: комуникација – пораки за целни групи и други засегнати страни, ПР, успешни приказни, присуство на социјални и други медиуми согласно правилата за комуникации и видливост на ЕУ.
- Имплементација и спроведување на активности од комуникациска стратегија
Напомена: Стратегијата треба да биде изработена на начин што при комуникација со јавноста ќе се рефлектираат проектните активности. Проектниот тим ќе биде достапен за консултации во врска со проектните активности при изработка на стратегијата.
3). Начин на аплицирање:
Заинтересираните лица треба да ги достават следниве документи:
- Биографија и портфолио
- Финансиска понуда за услугата изразена во денари без ДДВ. Финансиската понуда треба да се даде поединечно за изработка на стратегијата и спроведување на активности од стратегијата.
4). Временска рамка
Заинтересираните треба да достават понуда со потребната документација за бараните услуги до Назиф Авди, navdi@myla.org.mk и/или Александра Груевска, agruevska@myla.org.mk до 15.05.2023 година, со наслов: Понуда за изработка и спроведување на комуникациска стратегија на проект.
Нарачателот може да ги земе во превид и понудите кои ќе пристигнат по дадениот рок доколку истите ги смета за поволни.
5). Критериум за избор
Критериуми за избор на понудувач се:
- Квалитет на портфолио,
- Претходно искуство во слични ангажмани
- Финансиска понуда,
Нарачателот ќе стапи во контакт и комуникација само со понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на комисијата. Во зависност од понудените цени, нарачателот може да прифати целосно или делумно пристигната понуда. Нарачателот го задржува правото да избере понуда пристигната надвор од рокот или да не избере ниту една од пријавените понуди.
За насоки за комуникации и видливост на проекти поддржани од ЕУ, преземете го документот подолу:
Communication and Visibility in EU-financed external actions