Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за спроведување на фокус групи и јавна анкета на територијата на Република Северна Македонија

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП,  објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за спроведување на фокус групи и јавна анкета на територијата на Република Северна Македонија

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Втората посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво на емисии, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

  • Предмет на активноста на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден за спроведување на национална анкета и испитување на јавното мислење поврзано со климатските промени и анализа на перцепциите и ставовите на граѓаните за најзасегнатите области на животната средина. Како и спроведување на две фокус групи на теми од областа на животната средина.

Цел на Јавната анкета е споредба и мерење на промена на резултатите од претходно спроведена јавна анкета на истата тема. Прибраните податоци ќе се употребат за подготовка на документи за јавни политики и анализи.

  • Опис на активноста

Реализирањето на јавната анкета треба да се одвива со теренско и/или онлајн истражување на територијата на РСМ. Јавната анкета е продолжение односно споредување на резултатите од претходна јавна анкета и мерење на промена на перцепциите на граѓаните.

Тимот на проектот ќе соработува со избраниот понудувач во доставување на потребните документи, прецизирање на методологијата на спроведување на јавната анкета и дефинирањето на фокус групите. До избраниот понудувач ќе бидат испратени прашањата и извештајот од претходно спроведената јавна анкета.

Вкупно ќе се спроведат две фокус групи од областа на животна средина кои ќе бидат назначени по правење на изборот на компанијата која ќе ги извршува.

Потребно е да се обезбеди простор на одржување на фокус групите, како и испраќање на покани и обезбедување на материјали и средства со кои ќе се овозможи видливост на проектот.

  • Период на реализација


Јавната анкета треба да се спроведе до 15 април, а наодите да се достават до 10 мај 2023 година. Фокус групите треба да се реализираат најдоцна до 15 април, а наодите да се достават до 21 април 2023 година.

  • Потребна документација и искуство

Кандидатите треба да достават:

  • Тековна состојба;
  • Краток опис на компанијата/ здружението;
  • Портфолио од претходно релеватно искуство;
  • Финансиска понуда со посебно дефинирани две ставки, една за спроведување на фокус групи и една за јавна анкета.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

6. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да ги достават потребните документи од точка 5. Финансиската понуда треба да биде во бруто износ со вклучен данок на додадена вредност изразена во мкд, и да изнесува најмногу 254.374,00 денари, од кои до 141.319,00 денари за јавна анкета и 113.055,00 денари за за вкупно две фокус групи. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: dnastevska@myla.org.mk со назнака– Апликација за спроведување на анкета и фокус групи.

Кандидатите може да достават понуда за само една ставка, фокус групи или јавна анкета, при што ќе наведат во назнаката за доставување на документите преку е-маил.

7. Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Документација и портфолио- 60 бода
  • Понуден надомест за активноста – 40 бода
  • Вкупно 100 бода.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови. Рокот за аплицирање е заклучно со 17.03.2023 година. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Бојана Божиновска, e-mail: bbozinovska@myla.org.mk.

Повикот можете да го преземете тука.

Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени” е финансиски поддржан од страна на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на владата на Шведска.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.