Оглас за вработување на Правник/чка на определено време
Македонското здружение на млади правници за потребите на спроведување на своите активности објавува оглас за позицијата Правник/чка со полно работно време.
Работните задачи и одговорности на правник/чка:
- Комуникација и работа со маргинализирани категории на лица;
- Посета на институции во кои се сместени лица лишени од слобода;
- Комуникација со странки во делот на обезбедување правна помош особено на маргинализирани категории на лица;
- Истражување на правни проблеми/прашања за потребите за бесплатна правна помош ;
- Изготвување на извештаи за својата работа;
- Останати работни задачи за потребите на членовите, вработените, органите и работните тела во МЗМП;
Потребни квалификации
- Завршен Правен факултет;
- Работно искуство во правната професија од најмалку 5 години;
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
- Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;
- Организациски и комуникациски вештини;
- Положен правосуден испит ќе се смета за предност;
- Искуство во граѓански сектор и работа со маргинализирани групи ќе се смета за предност
- Возачка дозвола од Б категорија ќе се смета за предност;
Постапка за пријавување и избор
Сите заинтересирани се повикуваат да достават CV и мотивациско писмо во електронска форма на contact@myla.org.mk најдоцна до 20.02.2023 година до 14:00 часот, со наслов: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на Правник/чка на определено време.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Врз основа на резултатите од спроведеното интервју ќе биде избран кандидатот.
Со избраниот кандидат/ка ќе се склучи договор за вработување на определено време, со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.
Работното место е во седиштето на Македонското здружение на млади правници на ул. Донбас бр.14/1-6, Скопје.