Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас за вработување на финансиски администратор

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на (1) една работна позиција Финансиски администратор

Македонското здружение на млади правници за потребите на спроведување на своите активности објавува оглас за позицијата Финансиски администратор со полно работно време.

Работните задачи и одговорности на финансискиот администратор:

  • Менаџирање на финансиското работење за потребите на проектот;
  • Следење и примена на интерните правила и политики на донаторот за финансиско работење и менаџирање со финансии;
  • Одржување и докумнетирање на финансиските документи и финансиско работење на проектот;
  • Координација со проектниот тим и/или донаторот за прашања поврзани со финансиско работење;
  • Одржување на комуникација со донаторот – одделот задолжен за финансиското работење;
  • Вршење на исплати за потребите на проектот;
  • Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
  • Изготвување на квартални и годишни финансиски извештаи;
  • Изготвување на квартални финансиски ликвидации;
  • Мониторинг и следење на финансиското работење на партнерската организација во согласност со интерните политики и барањата на донаторот;
  • Други задачи кои ќе бидат делегирани од менаџерот на проектот и/или раководните органи на МЗМП.

Потребни квалификации

  • Универзитетско образование по економија, финансии или општествени науки
  • Работно искуство од најмалку 10 години во администрирање/менаџирање на финансии и финансиско работење;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;
  • Организациски и комуникациски вештини;
  • Работно искуство во организцаии (локални или меѓународни) ќе се смета за предност

Постапка за пријавување и избор

Сите заинтересирани се повикуваат да достават CV и мотивационо писмо во електронска форма на contact@myla.org.mk најдоцна до 28.12.2022 година до 14:00 часот.

При доставување на апликациите да се наведе работната позиција на огласот.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Врз основа на резултатите од спроведеното интервју ќе биде избран кандидатот.

Со избраниот кндидат/ка ќе се склучи договор за вработување на определено време, со можност за продолжување.  Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.

Работното место е во седиштето на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас бр.14/1-6, Скопје.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.