Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Соопштение за јавноста- Постои потреба од измени на Законот за работни односи со цел ефективна заштита на бремените работнички

Во пресрет на шестата седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на РМ закажана за 09.05.2018 година во 12 часот, на јавната расправа  на тема: Изменување и дополнување на Законот за работните односи,  Македонското здружение на млади правници (МЗМП) укажува на потреба од измени на Законот за работните односи со цел ефективна заштита на бремените работнички.

Во периодот на втората половина од 2014та година во канцеларијата на МЗМП правна помош побараа 20 работнички  на кои договорот за вработување на определено време не им бил продолжен иако тие совесно и одговорно ги извршувале своите работни обврски.

Пред бременоста  договорите за вработување им биле редовно продолжувани и  некои од работничките биле наградувани и унапредувани. Во повеќето  идентификувани случаи работното место на кое работеле не е укинато, напротив веднаш е пополнето со нов работник.

Очигледно постои пракса кај одредени работодавачи да не го продолжат договорот за вработување склучен на определено време веднаш откако работничките  ќе соопштат дека останале бремени, или кога работодавачот на друг начин ќе дознае за бременоста. Во случаите не постоеле други елементи кои би оправдале непродолжување на договорот како што се: намален обем на работа или несоодветно и неквалитетно вршење на работните обврски од страна на работничката. Поради тоа здружението поддржа 5 судски постапки за заштита од дискриминација по основ на пол, личен статус-бременост, семејна или бречна состојба.

Од анализата на постоечкиот проблем, како и од пријавените случаи и пракса која не е прекината до денес МЗМП смета дека се потребни измени на Законот за работните односи во делот на забраната за отказ на договорот поради бременот раѓање и родителство и исклучокот од таа забрана кај договорите слклучени на определено време (член 101 став 3 од ЗРО).

Анализата е достапна на следниот линк: https://bit.ly/2K5NXgf

 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.