
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧ ОД ФАРСИ ЈАЗИК
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧ ОД ФАРСИ ЈАЗИК
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Правна помош и застапување на лица од интерес на УНХЦР” објавува оглас за вработување на преведувач од Фарси јазик. Преведувачот ќе биде дел од тимот на МЗМП во Привремениот транзитен центар Винојуг и Привремениот транзитен центар Табановце.
Квалификации:
- Минимум средно образование;
- Одлично познавање на пишан и говорен фарси јазик;
- Поседување на лиценца за овластен судски преведувач од Фарси ќе се смета за особена предност;
- Одлично познавање на пишан и говорен македонски јазик;
- Познавање на англиски јазик и друг странски јазик ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски способности;
- Активен возач (Б категорија);
- Способност за работа во мултиетничка средина;
- Минато работно искуство во сличен контекст ќе се смета за предност.
Делокруг на работа:
- Преведување при директна комуникација со баратели на азил, бегалци и други лица од интерес на МЗМП;
- Преведување при спроведување на интервјуа со лицата од интерес;
- Преведување на документи од Фарси на Македонски јазик, и од Македонски на Фарси јазик.
Дополнителни информации:
- Работните активности се одвиваат во Привремениот транзитен центар Винојуг и Привремениот транзитен центар Табановце;
- Работно време од 40 часа неделно;
- Работникот се ангажира со полно работно време.
Ве молиме вашите биографии заедно да ги испратите на contact@myla.org.mk.